Мирјана Марковска: „Пред 3 години преживеав мозочен удар, а потоа се соочив со афазија - нарушување во говорот“

mirjana-markovska-advokat-po-mozocniot-udar-se-soociv-so-afazija-no-nema-zastanuvanje-samo-upornost-02.jpg

Што е ХОУП, фокусот на ХОУП и што ХОУП нуди?

ХОУП е Здружение за помош и поддршка на лица со афазија.

Афазијата е состојба која е тешка, мачна и фрустрирачка за лицето кое се соочува со истата и дотолку повеќе, за семејството и блиските.

За справување е потребна надеж, верба, помош, поддршка, систем и средства.

Целта и примарниот фокус на ХОУП е да ги интегрира сите овие сегменти за да им го отвори патот на лицата со афазија и нивните најблиски, тие полесно да стигнат до целта како победници. ХОУП има за цел на подигнување на свеста кај јавноста за афазијата, заштита и зајакнување на правата на лицата со афазија, почитување на нивната личност и достоинство, помагање, поддршка, обединување, насочување, едукација и информирање на лицата со афазија, нивното адаптирање и интегрирање во општествениот и социјалниот живот.

ХОУП има блиска и директна комуникација и соработка со логопеди, физиотерапевти, психолози, невролози, здравствени установи и специјализирани центри за рехабилитација на лица засегнати од предметната состојба, правна помош и поддршка од стручен тим, волонтери...

Здружението е регистрирано не многу одамна, но активно работи на екипирање на интегрален тим кој ќе овозможи холистички пристап и помош на лицата со афазија, лицата кои имаат други последици поради настанат мозочен удар или други здравствени причини и лицата кои се грижат за нив.

Членството на ХОУП секојдневно се зголемува со лица засегнати од наведените состојби или нивните семејства, што е од драгоцено значење во смисол размена и споделување на искуства и практики кои можат да придонесат кон подобрување на состојбата на другите засегнати лица.

Во оваа фаза, помошта и поддршката која ја нуди ХОУП е со совети, сугестии, препораки, контакти, упатувања – за полесно да се дојде до најсоодветна помош, поддршка и нега.

Имаме канал на кој се пласираат видеа со вежби кои се целосно подобни и корисни за сите засегнати лица.  

Инаку, активно работиме на воспоставување на сериозни соработки со субјекти кои нудат помош и поддршка на лицата засегнати од афазија или други состојби како последица на повреди или нарушувања на мозочните функции, кои ќе пружаат адекватни и оптимизирани услуги за овие лица, како и, на обезбедување на средства од донации за набавка на специјализирана опрема за подобрување на состојбата на лицата со афазија.

mirjana-markovska-advokat-po-mozocniot-udar-se-soociv-so-afazija-no-nema-zastanuvanje-samo-upornost-01.png

Како луѓето да се информираат и да стапат во контакт со ХОУП?

ХОУП има комуникациски профили на сите актуелни електронски платформи.

Информациите и контактите на ХОУП првенствено може да се најдат на веб страницата на ХОУП (преку која е направена техничка можност веднаш да се испрати мејлот на ХОУП).

Контактот со ХОУП може да се оствари преку профилите на ХОУП на ФБ и Инстаграм.

Секако, со ХОУП може да се стапи во контакт и на мејл адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  и на контакт телефонот: +38975 500-110.

Канцеларијата на ХОУП е лоцирана во Скопје, Центар, Дебар Маало, ул. Орце Николов бр. 75

На сите комуникациски платформи се објавуваат корисни и релевантни информации за афазијата и поврзаните состојби

Како што споменав, на Youtube каналот може да се следат и практикуваат соодветни вежби, во кое било време и услови кои се погодни за засегнатите лица.

mirjana-markovska-advokat-po-mozocniot-udar-se-soociv-so-afazija-no-nema-zastanuvanje-samo-upornost-04.jpg

Кои се вашите проекти што ќе се реализираат во иднина?

Здружение ХОУП има за цел да земе за учество во повеќе проекти кои би требало да се реализираат во иднина, се со цел да им се помогне на лицата кои се соочуваат со афазија, како и на лицата кои се во нивната околина.

Исто така, активно се работи на проект на кој генерално, планирана е трибина и панел дискусија на која ќе земат учество стручни лица - професионалци од сите области кои се од суштинско за превенирање, третирање и подобрување на афазијата и состојбите поврзани со афазијата.

Ќе има лични сведоштва, совети и споделување на искуства кои може да помогнат на засегнатите лица.

На прифатена иницијатива на ХОУП ќе се промовира соработка со специјализиран центар за рехабилитација, примарно конципиран за помош на лицата со афазија.

Откако ќе биде направена целокупната организација, ХОУП ќе ги сподели сите детали за проектот.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Мила одгледува шумски јагоди: „Се вљубив во вкусот, си зедов коренче и засадив во саксија на тераса ... Од прошетка во Берово каде се вљубила во нивниот вкус, преку садење коренче во с...
Миа Костова за стилот и убавината: „Ботокс ставам двапати годишно, мразам кардио вежби и пешачење“ „Редовно готвам, кај мене дома има ручек 4-5 пати неделно. Јадам домашна храна и...
Инспиративната приказна за Леон (3) од Скопје и неговите дедовци - со едниот спортува, со другиот од... Игрите со дедо се лекции за цел живот, а врската дедо-внук е нераскинлива. Леон ...
Љубовната приказна на Снежана и Зоран Матовски - родителите на Цако, момчето со Даунов синдром кое п... Се запознале во клупче на Бит Пазар, се чекале кај Црвената болница, 42 години с...
Наташа од Струмица за ракот на дојка: „Децата (12 и 5) ме проверуваа дали дишам - тоа ми беше потешк... „Во септември 2020-та самоиницијативно направив ехо на дојка и ми рекоа дека сè ...
Петре Мијалков, наш мото-шампион: „При пад скршив дланка и имав операција на ногата - по 4 дена отид... „Овој спорт е еден од најскапите. Една сезона, дури и без падови и сериозни проб...

Најчитани неделава