Мирјана Марковска: „Пред 3 години преживеав мозочен удар, а потоа се соочив со афазија - нарушување во говорот“

„По мозочниот удар, се соочив со афазија, за среќа, во најблагата форма, со мала засегнатост на говорот, која успешно ја надминав и сѐ уште во мал степен ја надминувам со упорни и континуирани вежби и непрекината работа во мојата адвокатска канцеларија...“, споделува Mирјана Марковска – Андревски за CRNOBELO.com, која вели дека сè поголем е бројот на млади лица со мозочни удари.

mirjana-markovska-advokat-po-mozocniot-udar-se-soociv-so-afazija-no-nema-zastanuvanje-samo-upornost-01.jpg

Mирјана Марковска – Андревски е адвокат од Скопје, сопственик на адвокатската канцеларија „M&A“, но таа е пред сè е една храбра и успешна жена и мајка, и голем борец.

Пред околу 3 години таа преживеала мозочен удар, но, и по ова, продолжила да го живее животот храбро и на исправени нозе.

По ударот се соочува со афазија – состојба која ја нарушува способноста за говорење, читање, пишување или разбирање на другите, па токму затоа го формира „Здружението за помош и поддршка на лица со афазија“ (ХОУП).

Во интервју за CRNOBELO.com таа вели:

„Се соочив со афазија, за среќа во најблагата форма, со мала засегнатост на говорот, која успешно ја надминав и сѐ уште во мал степен ја надминувам со упорни и континуирани вежби, непрекината работа во адвокатската канцеларија и паралелно, особен ангажман во ХОУП: тековно информирање на јавноста за афазијата (проблеми, предизвици и решенија), помош и поддршка на лицата со афазија и лицата што се грижат за нив и проектите на ХОУП.

Експресно брзо се вратив на моите секојдневни активности и работни ангажмани, што значително ми помогна да се доведам во состојба на максимална оперативност.“

Раскажете ни малку поопширно, што поточно е афазија?

Афазија е стекнато комуникациско нарушување кое ја нарушува способноста на лицето да говори, но не влијае на интелигенцијата.

Нарушувањето на говорот и степенот на нарушеност на говорот се различни и по типологија и по степен на засегнатост (од неможност за говор, неразбирливост на говорот, до потешкотии во пронаоѓање на зборови).

Афазијата не е болест, туку е состојба или последица на мозочни нарушувања, најчесто мозочен удар, но, исто така и на механички повреди на главата, односно трауми или други заболувања кои ги засегаат мозочните функции.

Афазијата (не нужно) може да ја следат и други нарушувања на мозочните функции: помнење, перцепција, волеви движења.

Од големо значење е брзо да се реагира и да се отпочне со третирање на состојбата веднаш или непосредно по нејзиното настапување и да нема откажувања. Рехабилитацијата може да трае и подолго, но доколку се работи упорно и посветено, со верба, желба и мотив, успех секако ќе има.

mirjana-markovska-advokat-po-mozocniot-udar-se-soociv-so-afazija-no-nema-zastanuvanje-samo-upornost-07.jpg

Кажете ни нешто за вашата состојба на почетокот, за прогнозите на докторите и на вашата сегашна состојба? Како си помогнавте или кој ви помогна најмногу?

Како карактер и како адвокат, мене мозокот не ми мирува. Нема откажување. Нема „не можам“. Има само работа и нови предизвици за надминување и решавање.

Првенствено, рехабилитацијата отпочна со соодветна терапија и добра лекарска грижа. Истовремено, секојдневно, интензивно и упорно вежбање со физиотерапевт и логопед.

Физичките вежби и моториката се од круцијално значење за борбата со афазијата, а работата со логопед е повеќе од нужна.

Понатаму, активна работа во мојата адвокатска канцеларија и активен ангажман за ХОУП. Работата и постојаната ангажираност се најдобра рехабилитација.

Секако, не смее да се запостави ниту социјалниот живот, кој мора активно да се води. Секој според можностите. Јас го водам интензивно, како и секогаш.

mirjana-markovska-advokat-po-mozocniot-udar-se-soociv-so-afazija-no-nema-zastanuvanje-samo-upornost-06.jpg

Практично, освен краткиот период минат во болница, јас не застанав. И тоа е можеби најдобриот совет и пат кон добра рехабилитација, нема застанување, само упорност, мотивираност, многу работа и вежби и многу комуникација. И секако, трпение, грижа и љубов од најблиските.

За жал, особено во денешно време, секому може да му се случи мозочен удар и за жал, возрасната граница на лицата засегнати од оваа состојба сѐ повеќе се намалува.

Страв не треба да се има, бидејќи во страв и со страв практично не го живеете животот.

Но, особено е битно да се грижиме за сопственото психо-физичко здравје, да вршиме редовни контроли, да се едуцираме и да имаме поголема свесност за ризиците и превенцијата, како и сознание дека сѐ може да се надмине со упорност, без откажување и соодветна грижа.

Тоа е впрочем и една од целите на ХОУП и пораката која ХОУП во континуитет и перманентно ја испраќа во јавноста.

mirjana-markovska-advokat-po-mozocniot-udar-se-soociv-so-afazija-no-nema-zastanuvanje-samo-upornost-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Д-р Маја Врчаковска, кардиолог: „Тинејџер (16) доживеа срцев удар, мит е дека ако се удирате по град... „Операциите на отворено срце се едни од најкомплексните зафати во хирургијата, п...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...
Сања Стојанова 19 години страда од алопеција: „Преку ноќ ми опадна цела коса, сега знам дека надворе... „Кога останав бремена со првото дете ми порасна косата сама од себе … Ми падна т...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
„Нема бенефит од доењето, постои само ризик од недоење“: Наташа Ц. Тодосовска, специјалист за доење ... „Сите слики од доење кои ги гледаме на социјалните медиуми се најчесто од мајка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg