Сузана Спасовска е наша инспиративна наставничка - работи со љубов, ја декорира училницата, децата ги смета за најчисти души

Кој е Вашиот совет за првачињата, но и за нивните родители? Како тие да се подготват за новата етапа од животот?

Совет можам да дадам сега само за родителите, а за учениците во училиште. Родителите на своите деца доволно е да им кажат само дека училиштето е место каде ќе се чувствуваат многу убаво и пријатно. Ќе ги продолжат веќе постоечките другарувања од градинка и ќе стекнат многу нови другарчиња.

Родителите да немаат преголеми очекувања на почетокот од своите деца во однос на учењето. Доволно е само тие да сакаат да доаѓаат среќни и со љубов на училиште. Тоа е првиот и најважниот чекор.

И да им нагласуваат на учениците дека наставничката е секогаш тука само за нив, дека и таа е мајка, баба и дека ќе се грижи за нив исто како да се во својот дом.

nastavnickata-suzana-ovaa-rabota-se-raboti-so-srce-i-dusha-08.jpg

Велат наставничките се нашите втори мајки, како Вам ве прифаќаат вашите ученици?

Прав наставник го заменува родителот во поголемиот дел од денот. Напоменав неколку пати доколку успееме да ги научиме учениците да ни веруваат, а тоа носи и да ни се доверуваат значи сме успеале на моменти да ги замениме родителите.

Само сигурни и среќни ученици постигнуваат високи резултати. Многу често во мојата работа досега додека работат учениците и имаат потреба да ме прашаат нешто ме викаат „Мамо“. За мене е ова најголем подарок и доказ дека навистина сум успеала да си ги реализирам целите коишто ми се најважни за успешна работа.

Според Вас, што треба да се промени во нашиот образовен систем?

Потребни се многу промени за кои се потребни финансии, за жал, нема никогаш особено за во образованието. Според мене е жално затоа што тука е нашата иднина.

Училиштата повеќето се стари со дотраен инвентар. Треба да се вложи во нови и помодерни наставни средства и помагала. Во последниве години учениците не добиваат ниту учебници од неразјаснети причини.

Генерацијата што ја завршив ја имаше таа „среќа“ да биде прва опфатена со новата концепција и постојано да работат без учебници. За промени има уште многу да се набројуваат, но од сето ова наведено ништо не ми претставуваше пречка да ги реализирам заедно со учениците поставените цели од програмата.

nastavnickata-suzana-ovaa-rabota-se-raboti-so-srce-i-dusha-07.jpg

Дали наставниците се доволно почитувани, и од родителите, и од учениците и од останатите колеги?

Во денешно време почитта е вредност која е одамна изумрена насекаде. Но, јас сметам дека треба и да се заслужи.

Моето досегашно искуство кажува дека наставниците се почитувани од родителите во висок процент. Претходно кажав кои се приоритетите на еден наставник. Доколку ги има барем дел од нив ќе биде почитуван од родителите, учениците и колегите.

Како Вие се справувате со врева, закачки и невнимание за време на часот?

На часовите според мене и не е интересно доколку нема врева, закачки и мало невнимание. Јас како наставник сакам, работна атмосфера, но не со тишина каде што добиваме чувство дека нема ученици во училницата.

Сето ова е нормално да се јавува одвреме навреме. Дискутираме за проблемот, разрешувавме конфликти, па и правиме драматизации од случките за да видат тие што први започнале дали е убаво да се однесуваат несоодветно.

Секогаш се поставувам другарски со моите ученици и ги оставам самите да доаѓаат до решенија се разбира со моја помош.

nastavnickata-suzana-ovaa-rabota-se-raboti-so-srce-i-dusha-09.jpg

Какво влијае имаат интернетот и социјалните мрежи врз малите детски умови?

Веќе зборував за ова, доколку правилно се користи има многу големо влијание и тоа позитивно. Потребна е контрола од страна на родителите дома, а во училиште од нас наставниците.

Користам многу активности од интернет во училиште, а им давам активности и за дома. Многу побрзо се развиваат децата од овие генерации и имаат повеќе можност за нови сознанија од нас кои сме генерации пред интернетот. А морам да напоменам дека и мене многу ми се олесни работата откако јас научив да го користам интернетот.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови  и фотографии е казниво со закон.

И. Ј.| Црнобело / Фото: Приватна архива 



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...

Најчитани неделава