Стефано Волпети, Претседател за производи без чад и директор за односи со потрошувачите во Philip Morris International: „Наша мисија е две третини од бизнисот до 2030 година да биде поврзан со алтернативите без чад“

„Трендот на иднината во тутунската индустрија е многу јасен - производи кои не создаваат чад. IQOS e дизајниран да биде како обична цигара, но без согорувањето. А со тоа што го елиминираме согорувањето, елиминираме 95% од штетните супстанции“, вели Стефано Волпети, претседател за производи без чад и директор за односи со потрошувачите во Philip Morris International во интервју за CRNOBELO.com.

stefano-volpeti-direktor-vo-philip-morris-international-nasha-misija-e-2-3-od-biznisot-do-2030-godina-da-bide-povrzan-so-alternativite-bez-chad-01.jpg

Стефано Волпети беше главен говорник на настанот IQOS Together X кој се одржа во Атина, Грција на 29 септември 2023 година.

Тој пред новинарите зборуваше за успесите во изминатиот период и за идните планови на компанијата.

Во интервју за CRNOBELO.com, со Волпети разговаравме и за работата на Philip Morris International, но и за нивниот главен фокус - алтернативните без чад, за кои тој вели дека се сегашноста и иднината на оваа индустрија.

Прочитајте го интервјуто со Стефано Волпети:

Што очекувате да биде главен тренд во тутунската индустрија и кои производи ќе бидат најбарани во следната деценија?

Во цел свет станува јасно дека најголем тренд се производите без чад. Една од првите земји каде што почнаа да се користат производите без чад е Јапонија. Таму преку 25% од пушачите целосно се префрлиле од цигари на алтернативни производи без чад. Во некои градови, таа бројка изнесува и над 30%.

Според ова, трендот на иднината во тутунската индустрија е многу јасен, а тоа е тренд кон производи кои не создаваат чад. Но, колку брзо ќе стигнеме до иднината, во голема мера зависи од регулативите.

За пушачот да го смени своето однесување и од цигари да се префрли на алтернативи без чад, најпрво треба тие алтернативи да се достапни на пазарот. Потоа, и самиот пушач треба да биде свесен дека овие производи постојат, да знае кои се бенефитите, да може да ги проба, што значи дека треба да се преземат многу чекори за таа промена навистина да се случи.

Сите овие чекори ќе бидат возможни само ако регулаторите имаат разбирање и промовираат концепт за намалување на штетноста од пушењето. Со промовирање на концептот за намалувањето на штетноста од пушењето, тие им даваат пристап на пушачите до алтернативи без чад.

А поврзаноста помеѓу алтернативните производи без чад и регулативите е многу јасна.

Најверојатно најмоќната бројка што можете да ја најдете е онаа што се однесува на Шведска. Таму регулативите во полза на алтернативите без чад беа достапни уште на почетокот на 2000-тите години. Ако ги разгледаме бројките 20 години подоцна, ќе ни стане јасно дека Шведска има најмала инциденца на пушачи во Европа, каде што бројот е 5-6%, додека во остатокот од Европа оваа бројка е преку 20%.

Трендот е многу јасен – производите без чад се иднината во оваа категорија. Ова го поддржуваат IQOS и PMI (Philip Morris International). Ние јасно кажавме дека мисијата на нашата компанија е две третини од нашиот бизнис до 2030 година да биде поврзан со алтернативите без чад.

stefano-volpeti-direktor-vo-philip-morris-international-nasha-misija-e-2-3-od-biznisot-do-2030-godina-da-bide-povrzan-so-alternativite-bez-chad-04.jpg

Како ќе ги „просветлите“ корисниците наместо цигари да пушат IQOS без оглед на „електричната природа“ на производот, бидејќи пушачите имаат стекната навика, традиција, ритуали и се навикнати на класичниот чад од тутун?

27 милиони пушачи ширум светот досега се префрлиле од цигари на IQOS. Зошто го направиле тоа? Пушачите пушат за задоволство. Задоволството не е само задоволство на сетилата, туку и задоволство што го носи рутината.

PMI досега инвестираше преку 10 милијарди долари за да го развие и да го комерцијализира IQOS со конкретна цел – да се осигураме дека овој производ е атрактивен за полнолетните пушачи.

Кога велам атрактивен, мислам на тоа дека кога го користат производот, тие имаат ниво на задоволство кое е добро за нив. Истовремено, и рутината што ќе ја стекнат ќе биде многу слична на рутината што ја имале додека пушеле цигари. Сè е дизајнирано да биде како обична цигара, но без согорувањето.

Кога возите електричен автомобил, возите автомобил. Исто е и со цигарите. И понатаму уживате, но без согорувањето. А со тоа што го елиминираме согорувањето, елиминираме 95% од штетните супстанции.

Не е лесно да се дизајнира производ кој ќе биде привлечен за пушачот, а да нема согорување.

stefano-volpeti-direktor-vo-philip-morris-international-nasha-misija-e-2-3-od-biznisot-do-2030-godina-da-bide-povrzan-so-alternativite-bez-chad-03.jpg

Велите дека постои цела наука зад алтернативните тутунски производи на Philip Morris International. Но, сепак, постојат многу скептични ставови поврзани со овие производи. Koja би била вашата порака до пушачите?

Мојата порака е многу едноставна. Кога се појавува нешто ново, нормално е да сте скептични. Но, во овој случај не треба да бидеме скептични. Ако сме сите скептични во однос на овој производ, тоа би било како да им велиме на пушачите да продолжат да користат цигари.

Сите знаеме како е кога сакаме да почнеме диета, да спортуваме повеќе или ако сакаме да почнеме со некое „здраво однесување“, го наоѓаме секој можен изговор да не го правиме тоа, нели?

Алтернативните производи без чад го елиминираат согорувањето. Во секоја индустрија согорувањето се идентификува како нешто што не е добро. Ако прифатите нешто што не согорува, логиката е дека тоа е подобро отколку да продолжите да пушите цигари.

А ние како компанија треба да бидеме одговорни, бидејќи ако не ги дадеме точните информации, луѓето ќе продолжат да пушат цигари.

stefano-volpeti-direktor-vo-philip-morris-international-nasha-misija-e-2-3-od-biznisot-do-2030-godina-da-bide-povrzan-so-alternativite-bez-chad-05.jpg

Која е деловната логика зад одлуката на компанијата да почнете да нудите алтернативи без чад наместо тутун?

Многу е едноставно. Како и во сите категории и тука постои технолошки напредок и наука. Па, кога ќе ги споите науката и технологијата со инвестициите, можете да развиете производ кој е значително подобар отколку цигарите.

А тука е и одговорноста на компанијата да оди во тој правец.

PMI беше меѓу првите компании во тутунската индустрија која отиде во тој правец, која инвестираше во ова и од таа причина денес преку 35%, односно повеќе од една третина од нашиот приход е резултат на производите кои се без чад.

stefano-volpeti-direktor-vo-philip-morris-international-nasha-misija-e-2-3-od-biznisot-do-2030-godina-da-bide-povrzan-so-alternativite-bez-chad-02_copy.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...
Ребека, Македонка во Сан Франциско: „Животот ми приреди бура - како испливав нагоре без страв и омра... „Дефинитивно самодовербата се губи ако имате партнер кој не е тоа што сте го зам...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
„Нема бенефит од доењето, постои само ризик од недоење“: Наташа Ц. Тодосовска, специјалист за доење ... „Сите слики од доење кои ги гледаме на социјалните медиуми се најчесто од мајка ...
Нина Спасовска (11) танцува како да лебди: „Со првото соло освоив 1-во место, во еден ден настапив 3... „Сум имала незгодни ситуации со костимите, да го згазнам или да повлечам некој д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg