Тамара Грујеска, нашата претставничка на Јуниорски Евросонг 2023: „Публиката ја прифати песната, сакаме да упатиме силна порака“

Спотот на песната е навистина волшебен, па би можела ли да ни издвоиш некои интересни детали од снимањето? Каде и колку време го снимавте спотот, ти беше ли напорно и како си помина на снимањето?

Режисер на спотот е Огнен Шапковски, а директор на фотографија Кристијан Теодоров. Снимањето на спотот помина во најдобар ред, токму како што замислував уште на самиот почеток.

Локацијата на која се снимаше спотот е познатата скопска пошта во центарот на градот – голема благодарност до нив што ни дозволија токму на таа локација да го снимиме спотот.

Верувале или не, спотот се снимаше повеќе од 14 часа, до 6 часот наутро. Можеби малку беше напорно, но уживавме во секој момент.

За мојот целосен изглед во спотот се погрижија Ангелина и Ива од KTN Clothing, додека за шминката – Сим Салтирова.

tamara-grujeska-spotot-za-juniorskiot-evrosong-go-snimavme-do-sest-casot-nautro-presrekna-sum-sto-ke-zastanam-na-scenata-vo-nica-03.jpg

Дали на евровизиската сцена во Ница ќе бидеш сама или ќе има со тебе уште некој?

Што се однесува до сценскиот настап, сакам тој дел да го оставам во тајност сè до самиот настап на 26-ти ноември, како момент на изненадување.

Што ќе се случува на сцената, ќе имаш ли некаков сценски настап – одредена кореографија или, пак, сценографија со која ќе испратите уште посилни пораки?

За сценскиот настап ќе се погрижи Љупка Јакимовска. На јуниорската евровизиска публика е позната како режисер за настапите на Мила Москов (претставник на Македонија на Јуниорски Евросонг 2019) и Марија Спасовска (претставник на Македонија на Јуниорски Евросонг 2018).

Љупка е личноста со која неуморно секојдневно работиме изминативе два месеца за мојот настап во Ница.

tamara-grujeska-spotot-za-juniorskiot-evrosong-go-snimavme-do-sest-casot-nautro-presrekna-sum-sto-ke-zastanam-na-scenata-vo-nica-06.jpg

Можеш ли да ни откриеш како одат подготовките околу костимите и кој е задолжен за твојот стајлинг со кој ќе се појавиш на сцената во Ница?

Како што споменав и претходно, Ангелина и Ива од KTN Clothing кои се погрижија за моите стајлинзи за спотот, ќе се погрижат и за костимите во Ница како и за главниот стајлинг за самиот настап на 26-ти ноември.

Што ти велат твоите соученици, пријатели и врсници, дали те поддржуваат во овој значаен дел од твојот живот?

Многу сум им благодарна за целата поддршка што ми ја даваат уште од самиот почеток. Ќе бидам искрена, кога човек има беспрекорна поддршка од своите најблиски и сакани, има сè! Им благодарам од срце.

Како изгледаат подготовките за твојот настап? Имаш ли одредени посебни ритуали или вежби без кои не ти поминува денот?

Секојдневно вежбање на целата кореографија за самиот сценски настап со Љупка, тренирање на гласот, одење на часови по соло пеење и, секако, завршување на домашните задачи за на училиште.

Како си го замислуваш твојот живот после Јуниорскиот Евросонг, дали очекуваш некакви промени или можеби уште сега ги чувствуваш истите?

Не сакам предвреме да размислувам за иднината, а планови секако дека постојат. Моментално сум фокусирана на Јуниорскиот Евросонг и уживам во секој процес поврзан со истиот.

А, кога се во прашање промените, верувам дека ќе ги има во голем број.

tamara-grujeska-spotot-za-juniorskiot-evrosong-go-snimavme-do-sest-casot-nautro-presrekna-sum-sto-ke-zastanam-na-scenata-vo-nica-07.jpg

И за крај, на кој начин фановите и сите што ја сакаат твојата песна можат да те поддржат?

Како за крај, сите кои сакаат да ме поддржат, можат истото да го сторат преку бесплатното онлајн гласање на овој ЛИНК.

Гласањето ќе започне на 24-ти ноември во 20 часот, а ќе трае сè до финалната вечер на 26-ти ноември која започнува во 16 часот, со пренос во живо на МРТ1. CRNOBELO.com, ви благодарам за убавото интервју! 

tamara-grujeska-nashata-pretstavnichka-na-juniorski-evrosong-2023-publikata-ja-prifati-pesnata-sakame-da-upatime-silna-poraka-02_copy.jpg

tamara-grujeska-nashata-pretstavnichka-na-juniorski-evrosong-2023-publikata-ja-prifati-pesnata-sakame-da-upatime-silna-poraka-03.jpg

tamara-grujeska-nashata-pretstavnichka-na-juniorski-evrosong-2023-publikata-ja-prifati-pesnata-sakame-da-upatime-silna-poraka-04.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Јасмина Цветковска 9 години живее во Сиднеј: „Како инженер лесно најдов работа, но проблем се скапит... „Дипломите од природните науки, машинските струки, архитектура, електро-инженерс...
Како изгледа денес Елеонора Капсималева – девојчето што ја испеа „Дувна ветре развигорче“ во 1990-та... „Кога ја отпеав песната, бев навистина многу мала. Имав 6 години, а бидејќи како...
Сипхокази Трпкоски од Јужноафриканска Република е македонска снаа: „Сакам пастрмалија и ракија, Охри... „Македонската свадба е за мене е најубавата македонска традиција. Многу е убаво ...
Емилија Масларковска-Каневче, туристички водич: „Не сум сретнала странец кој не е воодушевен од Маке... „Омилени ми се туристите од Азија. Љубопитни се и сакаат да ја дознаат нашата ис...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg