Кирјакула од Тетово е мајка на предвреме родено бебе: „Едно од близнаците не преживеа, цели 65 дена бдеевме над второто“

Колку време поминавте на ОИНТ и постои ли некој миг што ви останал во најголемо сеќавање? Кои беа најголемите предизвици со коишто се соочивте во овој период?

На ОИНТ, Никола беше 65 дена и не можам да издвојам посебен миг бидејќи целиот период за мене лично, како и за мојот сопруг и за сите околу нас, беше многу стресен и секојдневно се молевме Никола да напредува како што треба и лошите моменти да ги оставиме зад себе.

Можам да кажам дека многу бев среќна и радосна кога Никола почна самостојно да дише без помош од никакви страни тела и најсреќна, нормално, кога го пуштија да си дојде дома.

Сите родители на предвремено родени деца знаат колку е стресно исчекувањето вашето дете да дојде дома.

Мене особено ми беше тешко што кога дојдов дома, веќе имав изгубено едно дете, па стравот дека истото може да се случи со Никола беше секако присутен.

Мислам дека тие 65 дена беа најдолгите во мојот живот и како Никола зајакнуваше, така деновите почнаа побрзо да минуваат.

Нема зборови кои би ја опишале мојата радост и среќа кога Никола почна самостојно да дише, без помош од никакви страни тела, а особено кога го пуштија да си дојде дома. Тоа ми е еден од најдрагите мигови во мојот живот.

Најголем предизвик во овој период беше да останеме позитивни и да научиме како да бидеме родители на дете кое сè уште не дошло дома со нас.

kirjakula-od-tetovo-e-majka-na-predvreme-rodeno-bebe-se-porodiv-so-bliznaci-no-za-zhal-edno-ne-prezhivea-celi-65-dena-bdeevme-nad-vtoroto-11.jpg

Со оглед на тоа што не сте од Скопје, како се снаоѓавте во деновите додека вашето бебе беше на ОИНТ? Кои беа најголемите предизвици во тој период?

Иако не сме од Скопје, родителската грижа во едни вакви мигови е на прво место и воопшто не беше проблем во секој момент да бидеме на ОИНТ покрај нашето бебе.

Дури и тоа што после породување, со рана од царски рез, треба да патувам до Скопје не ми беше проблем.

Кој ви беше најголема поддршка за да се справите со неизвесноста и стравот во периодот додека вашето бебе сè уште беше во болница?

Најголема поддршка во сите моменти ми беше мојот сопруг, кој буквално жртвуваше сè во тој период за да не се почувствува моето отсуство од дома.

Правеше сè што е во негова моќ за Никола да биде здрав и да напредува како што треба, правеше сè за нашата ќеркичка да не почувствува дека нешто не е во ред. Со еден збор, и татко и мајка во нашиот дом во тие тешки мигови.

Кои беа најголемите предизвици со коишто се соочивте откако ве пуштија да си одите дома?

Предизвици многу… Никола го пуштија дома на 11 септември со 1.940 грама, па можете и самите да замислите колку предизвици носи сето тоа.

Од ослободување на стравот за бањање и пресоблекување на така мало бебе, па сè до воспоставување на секојдневни рутини.

Најмногу од сè посакував Никола да напредува со јадење бидејќи еден од предизвиците беше да се научи да пие млеко од шише и секое одбивање на оброците за мене беше тежок момент.

Целиот стрес низ кој поминував придонесе јас да го изгубам млекото, што исто така е тежок момент за секоја мајка.

kirjakula-od-tetovo-e-majka-na-predvreme-rodeno-bebe-se-porodiv-so-bliznaci-no-za-zhal-edno-ne-prezhivea-celi-65-dena-bdeevme-nad-vtoroto-03.JPG

Кои се препораките на лекарите за грижата за Никола? Постојат ли некои правила до кои мора да се придржувате во првите месеци по неговото пуштање од болница?

Докторите советуваат дека и со Никола треба да се однесуваме како и со секое дете родено во редовен термин, со напомена дека мора да се внимава на почестите контроли за следење на неговиот раст и развој бидејќи неговиот напредок бара поголемо внимание.

Клучни се љубовта и позитивната атмосфера дома, што кај нас не недостасуваат особено, благодарение на неговата сестричка Алена.

Дали како родители имате некои стравови поврзани со развојот на Никола? Што е она што најмногу ве плаши?

Сметам дека стравови постојано има и ќе има, меѓутоа со дисциплинирана метода на исхрана и почитување на советите од докторите, верувам дека ќе се совладаат сите предизвици.

kirjakula-od-tetovo-e-majka-na-predvreme-rodeno-bebe-se-porodiv-so-bliznaci-no-za-zhal-edno-ne-prezhivea-celi-65-dena-bdeevme-nad-vtoroto-09.JPG

Што би им порачале на родителите што исто така во моментов бдеат над своите предвреме родени бебиња?

Би им порачала никогаш да не губат надеж, да веруваат во професионалноста и грижата на сите доктори и останатиот персонал како на ГАК така, и на ОИНТ и да го чекаат денот кога заедно со своите бебиња ќе уживаат во своите домови и ќе создаваат моменти за паметење.

На крајот би сакала да ви се заблагодарам на вас за ова интервју кое ми навира многу тажни и радосни спомени.

Вербата во Бога сепак никогаш не ја изгубивме со сопругот, семејството и пријателите. Се надевам дека ќе има што помалку вакви случаи како мојот и што повеќе среќни и безгрижни детства и среќни семејства.

kirjakula-od-tetovo-e-majka-na-predvreme-rodeno-bebe-se-porodiv-so-bliznaci-no-za-zhal-edno-ne-prezhivea-celi-65-dena-bdeevme-nad-vtoroto-05.JPG

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Михаил Корубин: „Моите ми направија прва ‘изложба’ дома на 6-7 години, израснав во ателјеата на татк... „Паметам на 6-7 години моите ми ја направија првата „изложба“ во нашата куќа, ја...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...
Сања е самохрана мајка со своја фарма во с. Четирце: „Мотив за бизнисот ми беше мајка ми да не се см... „Порано бев осудувана што сум самохрана мајка. Осудите беа од типот дека тоа сум...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg