Естетска корекција на клемпави уши: Одговори на најчестите прашања со д-р Роберт Стојовски, пластичен хирург

„Клемпавите уши се речиси секогаш со генетска предиспозиција, најчесто се оперираат децата затоа што се мета на потсмев кај другарчињата во училиште“ - вели д-р Роберт Стојовски за CRNOBELO.com.

estetska-korekcija-na-klempavi-ushi-odgovori-na-najchestite-prashanja-so-d-r-robert-stojovski-plastichen-hirurg-001.jpg

Клемпавите уши се состојба при која ушната школка е многу оддалечена од површината на главата. Тие ретко се едностран деформитет. Најчесто се сретнува неправилност на двете уши.

Оперативниот третман на клемпавите уши се прави исклучително од естетски побуди, бидејќи отапостазата не прави функционален проблем.

На најчестите прашања за хируршката интервенција на уши ни одговори д-р Роберт Стојовски, пластичен хирург:

Дали естетската корекција на уши е честа интервенција во Македонија?

Естетска корекција на уши е една од најчестите естетски корекции - посебно кај децата и тинејџерите, бидејќи многу често, за жал, тие деца се мета на потсмев во градинка или училиште.

Најчесто треба да има генетски предиспозиции, но дали децата се раѓаат со клемпави уши или може да станат такви со тек на време?

Клемпавите уши се најчесто со генетска предиспозиција, но сепак за нивен несоодветен развој може да придонесе носење венчиња или очила во првите 5 години.

Мајките честопати ставаат ленти и ги лепат ушињата на децата со фластери како превенција од нивно превиткување - дали е ова некакво решение?

Доколку постои генетска предиспозиција, ниту еден од овие методи нема да помогне.

Кога најрано може да се направи хируршка интервенција на клемпави уши?

Најдобро е после 6-7 година, тогаш увото е оформено, а и детето само би можело да каже дали сака да се направи интервенцијата – јас не се нафаќам на операција кога е желба на родителите, а детето не сака или е исплашено од она што го очекува.

Каква анестезија се користи за самиот зафат?

Јас ги работам само под локална анестезија, бидејќи скоро и да нема болка, се работи со лидокаин – истата анестезија како на стоматолог за поправање на заби. По апликација на анестезијата се почнува со корекција на 'рскавицата.

Дали постојат компликации од оперативниот третман?

Како и од секоја друга интервенција, без разлика дали е хируршка или нехируршка, постојат компликации – истите се многу ретки.    

Дали може да се оштети слухот по изведување на операција на ушната школка?

Скоро и да не е возможно – јас не сум сретнал во Македонија таков случај.  

Колку време трае закрепнувањето? На што треба да се внимава?

Првите 5-6 дена се носи завој – треба да се внимава да не се притискаат ушите при спиење бидејќи може да се развие декубит од притисок на местата каде што е работена 'рскавицата.

После тоа, во наредните 10-тина дена се носи еластичен стегач при спиење.

После 6 дена од операција, кога ќе се извади завојот, може слободно да се движат пациентите бидејќи конецот е зад уво и воопшто не се гледа. Конците се вадат на 14-тиот ден.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело / фото: Инстаграм д-р Роберт Стојовски

Би можело да ве интересира:

Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Kсенија Николова: „На окото ми се појавуваше сенка, имав катаракта (перде) - се оперирав во Словениј... „Ќе лажам ако кажам дека не бев исплашена, во раните триесетти јас имам перде, н...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Исидора, вереницата на Марио од 2Бона, за CRNOBELO: „Родена сум без матка и не можам да останам брем... „Јас веста ја дознав на 16 години, мислев дека од почетокот до дијагнозата помин...
Игор Џамбазов за CRNOBELO: „Докторот што ме оперираше рече дека ќе останев без десната нога над коле... „Од татко ми научив да бидам чесен човек. И покрај сè што преживеав, се гор...
Љубовната приказна на Сузана Гавазова и Јасмин: „Беше вистински џентлмен кога се запознавме, ме запр... „Првите средби со неговото семејство беа малку стегнати, имав трема. Доаѓам од М...

Најчитани неделава