Македонец (28) инфициран од ХИВ: „Сè уште не сум спремен да им кажам на најблиските дека сум позитивен“

„Досега не сум го споделил мојот позитивен ХИВ статус со никого, освен со тимот на Клиниката. Во оваа фаза не сум спремен да кажам на семејството или блиските, бидејќи земам редовна терапија и живеам нормален живот“, вели 28-годишен маж од Македонија, кој пред 6 месеци дознал дека е ХИВ позитивен.

makedonec-28-zarazen-od-hiv-imav-nezashtiten-seks-se-ushte-ne-sum-spremen-da-im-kazham-na-najbliskite-deka-sum-pozitiven-01.jpg

28-годишен маж е едно од околу 650-те лица во Македонија кои се ХИВ позитивни. Дека се инфицирал, дознал пред само неколку месеци, во јуни 2023 година. Иако му било очекувано поради незаштитениот сексуален однос со својот партнер, но и друга сексуално пренослива инфекција која ја добил, во првиот момент поминал низ фаза на неверување.

На денот за заштита од ХИВ и СИДА, мажот (чиј идентитет е познат на редакцијата) за CRNOBELO.com раскажа како се инфицирал, низ што сè поминал овие неколку месеци, но и зошто не собрал храброст да им каже на семејството и пријателите дека е позитивен.

Вирусот, кој тој го открил уште во најраната фаза, го контролира со секојдневна терапија и тој не му пречи во секојдневниот живот.

Прочитајте го интервјуто за CRNOBELO.com:

Кога дозна дека си ХИВ позитивен? Како се инфицираше и какво беше првото чувство кога дозна дека имаш ХИВ?

Дека сум носител на ХИВ вирусот дознав во јуни годинава. Тоа го дознав преку тестовите што ги прават на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Исто така, бидејќи спаѓам во поризичните групи, кои можат да бидат засегнати од пренос на ХИВ инфекцијата, редовно се тестирав во сервисите кои ги нудат граѓанските организации кои работат на полето за ХИВ, како што е ХЕРА од Скопје, Заедно посилни и слично.

Се инфицирав случајно, можеби ќе кажам „не сакајќи“, бидејќи имав подолго време партнер, со кого понекогаш знаевме да имаме и незаштитен однос, па така беше и во декември 2022 година.

Првите симптоми на вирусот речиси и не ги почувствував и не се ни појавија.

Меѓутоа, имав и друга сексуално пренослива инфекција, бактериска, која ме натера на клиника да ги направам сите потребни тестови за да заштедам на време и навремено да отпочнам со терапијата (АРТ).

На клиниката пристигнав прилично спремен, иако во еден мал дел од мене се будеше надеж дека можеби тестот ќе биде негативен.

Таму ме пречека психолог, кој на дискретен и доверлив начин ми направи кратко интервју, а потоа ме испрати во друга просторија за да ми земат крв и да се направи тестот. Се договоривме по 2 дена да дојдам повторно за да ми ги дадат резултатите.

Се појавив со мала доза на паника и страв. Повторно ме пречека психологот и социјалната работничка од советувалиштето за ХИВ/СИДА, кое функционира при Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

По краток, пријатен разговор со психологот, следуваше и соопштувањето на резултатот, а тоа го направи на најпрофесионален и најпозитивен начин со цел да не предизвика негативни чувства кај мене (иако мислам дека тоа е невозможно, барем не во првите денови).

Позитивниот резултат ми беше очекуван, но сепак тоа не помина толку многу лесно. Прво се обидов да ги скријам емоциите и не се расплакав, меѓутоа подоцна, додека разговаравме, почнав и да плачам бидејќи никогаш не би требало да ги криеме нашите емоции, посебно не во таква пријателска атмосфера каква што имаше во советувалиштето.

Со вирусот живеам 6 месеци и ништо не се промени - повторно работам, се дружам, запознавам нови пријатели со кои патиштата ни се споија по новонастаната состојба. Едноставно, имам исполнет живот и ништо поразличен од лицата кои го немаат вирусот.

На почетокот, првиот месец, ми беше потешко да прифатам дека треба да живеам со ХИВ, се појавуваше прашањето „зошто баш јас“, меѓутоа во ниту еден момент не се обвинив себеси, ниту мојот партнер, бидејќи одговорноста за заштита е двострана.

И, ХИВ не е најлошото нешто кои може да му се случи некому или на мене. Тоа го прифатив, се соочив со новата состојба, а медицинските промени воопшто не ги чувствувам.

Единствена разлика е тоа што во нашата земја се знае многу малку за ХИВ/СИДА, така што во овој момент не би го споделил мојот позитивен статус со моето семејство, блиски и пријатели, тргнувајќи од фактот дека можеби ќе наидам на дискриминација и стигматизација од нивна страна, иако можеби тоа нема да се случи.

makedonec-28-zarazen-od-hiv-imav-nezashtiten-seks-se-ushte-ne-sum-spremen-da-im-kazham-na-najbliskite-deka-sum-pozitiven-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бразилецот Клаудио за посетата во Македонија: „Македонките се преубави, таксистите наплаќаат трипати... „Локалците, кои јас ги запознав, се навистина заинтересирани за странци, посебно...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
Жена со ХИВ, во брак со Македонец: „Детето се роди ХИВ негативно, внимателно ја планиравме бременост... „Моето дете веќе има 2 и пол години. Беше големо олеснување кога дознавме дека е...
Ана од Битола: „Партнерот ме запроси на 18 години, сите нè осудија, но чувствата не бираат ниту годи... „Кога партнерот ме побара за жена, имаше премногу негативни коментари, предрасуд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg