Ивана К. Чурлевска живее во Финска: „Кога Финец ве договара за кафе, очекува да му кажете точно време, ден и година“

„Кога првпат на гости ни дојдоа Финци, јас секако дека имав подготвено вечера, а они сите си донесоа јадење и пиење со себе. Иако се интроверти, кога ќе се напијат малку повеќе се многу отворени и друштвени, па следниот ден се срамат од тоа“ – раскажува Ивана Каревска Чурлевска од Битола, која работи како физиотерапевт во сопствена ординација во Финска.

ivana-k-churlevska-zivee-vo-finska-koga-finec-ve-dogovara-za-kafe-ocekuva-da-mu-kazete-tocno-vreme-den-i-godina-01.jpg

Ивана ни раскажа за животот во Финска, за храброста да започне свој бизнис таму и ги споделува најинтересните работи за Финците како народ:

Зошто токму Финска, и колку време живеете таму?

Од денешен аспект знам дека ништо не е случајно. Финска нѐ одбра нас и ние ја одбравме неа.

Мојот сопруг Филип Чурлевски на повеќето им е познат по своите настапи за Еурофарм Пелистер, за македонската репрезентација итн... Па така, како професионален ракометар добива покана од фински клуб.  

Јас првпат дојдов во Финска како турист во 2020 година.

Тие месеци нашите пријатели - Финци ми ја претставуваа нивната култура и земја.

ivana-k-churlevska-zivee-vo-finska-koga-finec-ve-dogovara-za-kafe-ocekuva-da-mu-kazete-tocno-vreme-den-i-godina-17.jpeg

Иако иднината беше неизвесна, длабоко во мене мојата интуиција знаеше дека дел од животот ќе го поминам тука. Другата причина да се остане да се живее тука е што мојот сопруг Филип покрај ракометот, своевремено наоѓа и работа по струка како програмер.

Со секој ден сѐ повеќе се пронаоѓавме во општеството и се чувствувавме како отсекогаш да сме го барале овој начин на живот.

Моментално живееме во предградие на Хелсинки – Еспоо, регија Сауналахти. 

Колку време ти беше потребно за адаптирање?

Јас сум лесно прилагодлива личност, така што веднаш пливам во нова средина. На културата и климата веднаш се навикнав. На професионално поле сѐ се одвиваше постепено.

После спроведени тестови, ме пратија на интегративен процес, што всушност значи дека во рок од три години јас морав да го научам јазикот и да се интегрирам во општеството.

ivana-k-churlevska-zivee-vo-finska-koga-finec-ve-dogovara-za-kafe-ocekuva-da-mu-kazete-tocno-vreme-den-i-godina-09.jpeg

Јас тоа го постигнав за една година. За време на интеграцијата, покрај изучувањето на јазикот, практицирав во здравствен дом поради мојата професија.

А потоа, откако го положив европскиот тест за фински јазик, продолжувам со процесот за работна дозвола. 

Да се најде дом не е толку тешко во Финска, тоа е процес во кој се аплицира онлајн и ако сте соодветен кандидат според критериумите, добивате шанса да го видите домот, а потоа и да го добиете. Во зависност од општината каде се живее зависи и личниот данок.

Започна свој бизнис таму како физиотерапевт – раскажи ни малку повеќе околу ова.

Пред да започнам со свој бизнис, работев во бања и ми беше одлично искуство со исто толку добар тим. И иако заработував добро и не мислев на ништо од аспект на организација и правни работи, јас одбрав да ризикувам.

За мене најголем ризик е ако не се ризикува, па така одлучувам да си го исполнам својот сон.

Уште додека живеев во Македонија знаев дека сакам да започнам со своја фирма и прашање на време беше кога и каде. 

ivana-k-churlevska-zivee-vo-finska-koga-finec-ve-dogovara-za-kafe-ocekuva-da-mu-kazete-tocno-vreme-den-i-godina-04.jpeg

Како странец е секаде тешко да се пробиеш, дури и на странците во Македонија верувам дека им е тешко. Но, Финците се таков народ - доколку вистински вредите, тие ќе ве почитуваат.

Трошоците се големи, но моето мото е дека мора да дадеме ако сакаме да добиеме. Особено секој млад претприемач како мене знае дека на старт покрај финансиски и временски, мора да даде сѐ од себе - не 100%, туку двојно.

Кои се ваши најчести клиенти, дали го зборувате финскиот јазик?

Во Финска живеат многу култури и како најредовни клиенти би ги издвоила Финците и Швеѓаните. Верувам дека тоа е се должи на самата култура да водат поголема грижа за своето здравје и благосостојба.

Љубовта за јазиците ја наследив од мојот татко кој беше по струка професор по македонски јазик и долгогодишен новинар за Нова Македонија, Утрински весник итн. Па, во таа смисла, нескромно ќе кажам дека зборувам чисто пет странски јазици меѓу кои и финскиот јазик.

ivana-k-churlevska-zivee-vo-finska-koga-finec-ve-dogovara-za-kafe-ocekuva-da-mu-kazete-tocno-vreme-den-i-godina-19.jpeg

За финскиот јазик се смета дека е тежок, но јас би рекла дека за секој јазик ви треба само мотивација зошто го учите.

Често добивам комплименти од Финците дека сум ги срушила предрасудите дека е тежок јазикот со тоа што сум го научика за многу брз период или, пак, некои мислат дека живеам тука и десетици години.

Но, најпосле, за личност како мене која е премногу самокритична, убаво е тоа да се слушне и секако ми е драго. Знам колку труд имам вложено за тоа каде што сум. Но, тоа не значи дека тука е крајот, секогаш треба да се учи и напредува.

На следната страница разговараме за убавините на Финска, начинот на живот, стандардот и навиките на Финците...



Би можело да ве интересира:

Ивана од Куманово е девојка со „храбар“ моден стил со експлозија од бои - не сака да се вклопи, туку... „Носам облека што ме прави среќна. Во мојот ум, класичниот леопард принт е „неут...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Сандра Ш. Каевска со семејството живее во Шведска: „Првите 3-4 години често размислувавме да се врат... „Првите три до четири години ни беа навистина тешки и често размислувавме за вра...
Баба и внука од Кавадарци се поим за нераскинлива љубов - Наташа (29) си ги истетовира името и окото... „Јас ја сакам баба ми најмногу на целиот свет. Во нејзината прегратка пораснав, ...
Столе Димитриевски за CRNOBELO.com: „Сопругата ми го критикува модниот стил, сонувам да се пласираме... „Првото кафе го правам сам дома пред да излезам за на тренинг. Во последно време...

Најчитани неделава