Васко Гичевски е наставник по историја од Битола: „На мојот час не смее да има тажно дете, треба да работиме на историската писменост“

„Да се работи со деца е големо задоволство, чест и привилегија, бидејќи ви дава можност да ја градите иднината на државата и општеството. Се трудам материјалот да биде пренесен на забавен, лесен и разбирлив начин. Со учениците знаеме да направиме и ’оживување‘ на определени историски личности, користејќи се со драмската уметност“, раскажува Васко Гичевски од Битола кој работи како наставник по историја во селото Новаци.

vasko-gicevski-mlad-profesor-po-istorija-od-bitola-na-mojot-cas-ne-smee-da-ima-tazno-dete-se-trudam-casovite-da-se-zabavni-i-smesni-01.jpg

Битолчанецот Васко Гичевски (26) e млад професор и вљубеник во историјата. Првенец на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за 2019/2020 година, дипломирал со просек 10 на Институтот по историја.

Автор е на 20 научни трудови, три интерактивни мапи на профаното и сакралното културно наследство од османлискиот период во Скопје и во Битола, како и збирка критички есеи насловена „Современото македонско општество и воспитно-образовниот систем“.

Во моментот е вработен како наставник по историја во ООУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци.

Во интервју за CRNOBELO.com Васко говори за својата професија:

Да се биде наставник е професија која може да го промени животот на ученикот, па според тоа од каде произлезе вашата љубов кон историјата и кон оваа професија?

Љубовта кон оваа професија кај мене постои уште од дете. Имено, во моето детство обожавав да ги гледам сериите за деца со историска содржина. Омилена ми беше „Курирот на Гоце“.

Во првата епизода има една сцена каде Гоце Делчев влегува во училницата, се претставува на учениците и им соопштува дека тој ќе ги „учи по француски“. Тој миг, целата таа сценографија, некако магично ме приврза за оваа професија и после тој миг јас на ниту една друга професија не сум ни помислил.

Целиот свој досегашен живот сум го посветил на тоа постојано да се надградувам развивам и ултимативно да успеам да бидам добар наставник.

Интересот за историјата како наука или воопшто за минатото, го должам на својот дедо Александар Гичевски. Тој беше партизан, активно учествуваше во ослободувањето на Македонија, па така мене најраното детство ми помина со неговите приказни за „партизанството“ и со приказните кои тој ги слушал од неговиот татко Крсте за османлискиот период.

Потоа, кога на училиште започнав да ја изучувам историјата, очигледно беше дека таа наука ми лежи и, што е поважно, таа наука ја сакам со цело срце и душа.

Би истакнал дека голема благодарност за развојот на мојот интерес кон историја го должам на мојата наставничка од основно образование Вера Секуловска, за што вечно ќе ѝ благодарам.

vasko-gicevski-mlad-profesor-po-istorija-od-bitola-na-mojot-cas-ne-smee-da-ima-tazno-dete-se-trudam-casovite-da-se-zabavni-i-smesni-02.jpg

Колку време работите како наставник и каде беше вашето прво работно место?

Како наставник работам веќе три години. Првото вработување ми беше на позицијата професор по историја во СОУ „Јосип Броз Тито" - Битола.

Како е да се работи во селско училиште? Дали нешто се разликува од училиштата во градовите?

Воспитно образовната дејност се одвива под исти правила и принципи како и во градовите. Она што е различно е тоа што во селските средини имате повеќе предизвици од материјален и технички аспект.

Воедно би можел да кажам дека во селските средини наставниците работат многу подобро со учениците, бидејќи се работи во паралелки со помал број ученици.

Тоа претставува идеална педагошка средина и наставникот може да му посвети многу повеќе време на секој ученик засебно, односно индивидуализиран пристап во наставата.

Накусо речено, учениците од селските средини имаат привилегија да добијат многу поквалитетно образование отколку децата кои учат во големи паралелки.

Впрочем, ако нешто менува, и јас сум ученик кој учел во село, а денес сум наставник кој работи во село, некако селото и јас сме неодвоива целина.

vasko-gicevski-mlad-profesor-po-istorija-od-bitola-na-mojot-cas-ne-smee-da-ima-tazno-dete-se-trudam-casovite-da-se-zabavni-i-smesni-03.jpg

Што е она што најмногу ве исполнува во работата со деца и што ве тера секој ден со задоволство да одите на работа?

Насмевката на децата, детска смеа и џагор, детските бисери кои катадневно ги слушам. Да се работи со деца пред сè е едно големо задоволство, чест и привилегија, бидејќи на таков начин ви се дава можност да ја градите иднината на државата и општеството.

Оттука и одговорноста е голема, секој чекор, секој збор, секоја постапка треба да ви е испланирана. Притоа целото тоа знаење треба да се предаде на начин на којшто истото ќе биде забавно и лесно за совладување.

Јас секогаш велам „На мојот час не смее да има тажно дете“, се трудам часовите да се забавни и смешни, знаејќи дека само така најлесно се стига до срцето и умот на децата и се остава покрај знаење едно воспитание за однос кон работата и светот.

Основен и главен поттик ми се учениците, кои знаат да препознаат квалитет и кои притоа се искрени, па во лице ќе ви кажат каде сте добри, а каде потфрлувате. Затоа, учењето во училиштето е заемен процес - тие учат од мене, а јас учам од нив и така сплотени напредуваме.

vasko-gicevski-mlad-profesor-po-istorija-od-bitola-na-mojot-cas-ne-smee-da-ima-tazno-dete-se-trudam-casovite-da-se-zabavni-i-smesni-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бобан Алексов живее 6 години во Данска: „Заминав 'на слепо', работа најдов случајно на Фејсбук, живо... Боби Алексов (37) од Скопје, 6 години живее во Оденсе, Данска. За себе вели дека...
Педијатар специјалист Звезда Спасовска: „Детето треба да става играчки во уста за имунитет, лекови з... „Покачената температура е еден од најчестите симптоми кај децата кога се болни. ...
Илија Каниковски, стјуард во Wizz Air: „Ова не е само женска професија, досега сум посетил 40 земји ... „Иако постојат стереотипи дека ова е женска професија, многу патници позитивно р...
Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“ „Од македонските музичари најблиска сум со Иван Јованов од Либеро бенд. Тој ми е...
Ребека, Македонка во Сан Франциско: „Животот ми приреди бура - како испливав нагоре без страв и омра... „Дефинитивно самодовербата се губи ако имате партнер кој не е тоа што сте го зам...
Даниела Петровска, професорка по македонски: „Учениците не читаат, предизвик е да ги натерам да одат... „Социјалните мрежи се место каде што повеќето луѓе, за жал, го извитоперуваат с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg