Жена со ХИВ, во брак со Македонец: „Детето се роди ХИВ негативно, внимателно ја планиравме бременоста“

Постојат ли мерки на претпазливост кои може да се преземат за да се спречи преносот на ХИВ од мајката на детето за време на бременоста и по породувањето?

За да го спречиме преносот на ХИВ, земав терапија како што ми беше препишана, ги следев инструкциите и правев редовни тестови.

Сето ова го намали ризикот на пренос на ХИВ од мене на детето.

Каква улога имаа здравствените работници во текот на бременоста? Дали имаше конкретни медицински интервенции или третмани кои придонесоа за успешно спречување на преносот на ХИВ на вашето бебе?

Мора да им се заблагодарам на здравствените работници, бидејќи нивната поддршката играше важна улога во успешното спречување на преносот на ХИВ од мене на детето.

По раѓањето, на бебето му дававме сируп во првиот месец, за да го минимизираме ризикот.

Исто така, трипати годишно се зема крв од бебето за да се осигуриме дека вирусот не е пренесен на детето.

Здравствените работници ми дадоа и специфични медицински насоки, но и третман кој помогна успешно да се спречи преносот на ХИВ на бебето.

zhena-so-hiv-vo-brak-so-makedonec-deteto-se-rodi-hiv-negativno-vnimatelno-ja-planiravme-bremenosta-04.jpg

Ви олесна ли кога дознавте дека бебето е негативно? Дали тоа го знаевте и пред породувањето (постојат ли тестови за да се открие тоа) или дури откако се породивте?

Моето дете веќе има 2 и пол години. Олеснувањето беше големо кога дознавме дека бебето е негативно. Тестовите се правеа по породувањето, кога тоа имаше 1 месец и уште двапати потоа.

Дали добивте емоционална поддршка од вашите пријатели, семејството или околината за време на бременоста? А, имате ли поддршка од институциите, здруженијата?

Во моето семејство само мајка ми и мојот сопруг знаат за мојот статус. Оваа поддршка ми е доволна.

Секогаш можам да ги најдам сите потребни информации на интернет или да ги прашам моите лекари за сè останато.

Каков совет имате за другите ХИВ позитивни лица кои можеби размислуваат за родителство?

Мојот совет е да побараат поддршка од здравствените работници, од заедницата и семејството.

Информирајте се добро, планирајте внимателно и знајте дека исто како и секоја друга жена, и вие имате право на семејство и радост од мајчинството.

zhena-so-hiv-vo-brak-so-makedonec-deteto-se-rodi-hiv-negativno-vnimatelno-ja-planiravme-bremenosta-05.jpg

Прочитајте и Македонец (28) инфициран од ХИВ: „Сè уште не сум спремен да им кажам на најблиските дека сум позитивен“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело / фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Maрија, ѕвездата од „Тин камп“, стана диџејка: „Клабингот не е нешто негативно - терапија е, идол ми... „Почнав да пуштам музика многу спонтано, речиси случајно. Но, ако размислам...
Aнгела Дончева: „На 22 години ми дијагностицираа леукемија, имав трансплантација во Германија, раскр...  „Зборот леукемија ме преплаши, почнав да читам сè за тоа. Но, мајка ми еде...
Аница 55 години живее во САД: „Се преселив на 16, со сопругот изградивме куќа во Ресен да имаме свое... „Америка не ме пушта да си заминам засекогаш во Македонија, зашто таму ми се дец...
Наташа од Струмица за ракот на дојка: „Децата (12 и 5) ме проверуваа дали дишам - тоа ми беше потешк... „Во септември 2020-та самоиницијативно направив ехо на дојка и ми рекоа дека сè ...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...

Најчитани неделава