„Сакам да останам во Македонија и да се борам за нашето здравство“: Д-р Марио Јакимовски, специјализант на клиниката за хематологија

Во кој случај најчесто се препорачува трансплантација на матични клетки? Можеш ли да издвоиш некој случај кај нас во Македонија во кој матичните клетки спасиле нечиј живот?

Трансплантацијата на коскенатa срж може да биде метода на спасување на животот и е случај кај неколку хематолошки заболувања.

На нашата клиника секојдневно и без застој се спроведуваат трансплантации веќе 24 години.

Тоа што е исклучително важно, би спомемал дека од неодамна имаме и новоизграден оддел кој ќе биде регионален центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки.

Во изминатата година за првпат кај двајца пациенти беше спроведена трансплантација на ХМК од македонски донори.

d-r-mario-jakimovski-e-specijalizant-na-klinikata-za-hematologija-sakam-da-ostanam-vo-makedonija-i-da-se-boram-za-nasheto-zdravstvo-09.jpg

Медицинскиот факултет го заврши со солиден резултат, а рекордно запиша и специјализација... Во моментов работиш на Универзитетската Клиника во Скопје. Значи ли тоа дека иднината си ја гледаш во Македонија или размислуваш еден ден да си заминеш во странство?

Во моментот живеам и работам тука, тоа што со сигурност можам да го кажам е дека во иднина значајно ќе се борам македонското здравство да расте, да се развива и напредува до едно завидно ниво.

Престанува ли некогаш образованието во медицината или секој ден носи нови предизвици?

Секој од нас што се одлучил да биде добар и успешен лекар знае дека завршувањето на медицинскиот факултет е една скала или влезна врата за натамошниот тек на професионалната лекарска кариера.

Така што секој ден го користам како нова можност да научам нешто ново.

d-r-mario-jakimovski-e-specijalizant-na-klinikata-za-hematologija-sakam-da-ostanam-vo-makedonija-i-da-se-boram-za-nasheto-zdravstvo-04.jpg

Дали студиите по медицина значат дека целосно треба да заборавиш на приватниот живот? Имаш ли време за дружење, пријатели, излегувања...

Моето слободно време е многу мало, да не кажам дека дури и го немам…

Ама се трудам да најдам баланс, да поминам време со моите најблиски, од кои црпам енергија за нови предизвици.

Што би им порачал на средношколците што размислуваат да го продолжат своето образование во областа на медицината?

На сите млади, не само на идните колеги, би сакал да им ја дадам следната порака: едуцирајте се многу и за себе, бидејќи знаењето никој не може да ви го земе. Знаењето е тоа што на крајот секој ќе го вреднува.

d-r-mario-jakimovski-e-specijalizant-na-klinikata-za-hematologija-sakam-da-ostanam-vo-makedonija-i-da-se-boram-za-nasheto-zdravstvo-05_copy.jpg

Поттикнати од пораката на новата иницијатива на Македонски Телеком „Да направиме место за вистински да се поврземе“, којашто поттикнува отвореност и меѓусебно разбирање, за што говореше и Горан Стефановски, редакцијата на CRNOBELO.com ќе направи повеќе место за добри вести и приказни кои инспирираат.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Јасмина Цветковска 9 години живее во Сиднеј: „Како инженер лесно најдов работа, но проблем се скапит... „Дипломите од природните науки, машинските струки, архитектура, електро-инженерс...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Сипхокази Трпкоски од Јужноафриканска Република е македонска снаа: „Сакам пастрмалија и ракија, Охри... „Македонската свадба е за мене е најубавата македонска традиција. Многу е убаво ...
Французинката Олга 2 пати го посети Скопје: „Македонците се прекрасен народ“ „Ми се допадна културата, мешавина помеѓу оксидент и ориент, природата, византис...
Паша од Тајланд ја посети Македонија: „Бев на свадба кај најдобрата другарка Македонка, восхитена су...  „Македонците навистина ги почитуваат и им помагаат на постарите луѓе. Тоа ...
Натали, археолог од Франција: „Македонците се многу гостопримливи, помалите градови ми се поубави од...   „Македонците генерално се со отворен ум и секогаш пријателски настроени, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg