Амер се вратил од Германија во струшко, а денес има фарма со крави: „Сите што мислат дека има подобро од овде, се лажат“

„Не знам зошто луѓето се жалат и ја гледаат само лошата страна на работите. Јас можам, барем за себе, да кажам дека многу убаво може да се живее и заработува во Македонија од земјоделство“ – вели за CRNOBELO.com Амер Азизоски кој по враќањето од Германија во струшкото село Октиси се посветил на одгледување крави и производство на млечни производи.

amer-od-strushko-se-vratil-od-germanija-a-denes-ima-farma-so-kravi-site-shto-mislat-deka-ima-podobro-od-ovde-se-lazhat-01.jpg

Амер Азизоски од струшкото село Октиси има 25 години и има своја фарма за еколошки производи.

Неколку години живеел во Германија, но потоа одлучил да се врати во Македонија и сега се занимава со одгледување добиток и производство на еколошки производи.

amer-od-strushko-se-vratil-od-germanija-a-denes-ima-farma-so-kravi-site-shto-mislat-deka-ima-podobro-od-ovde-se-lazhat-02.jpg

Овој млад Македонец открива дека на почетокот му било убаво во Германија, но со текот на времето сфатил дека никаде не е поубаво отколку во родната грутка.

Toj за читателите на CRNOBELO.com открива што било она што го натерало да се врати, и како денес наместо да работи во некои од германските фирми, целиот ден го поминува на својата фарма и со кравите.

Во продолжение следува целото интервју со Амер:

Колку години имаше кога одлучи да си заминеш во Германија, што работеше таму?

После завршување на средното образование на 19 години одлучив да заминам за Германија. Таму работев во „Амазон“ – Дортмунд.

Што беше она што те натера да се вратиш во Македонија? Кои беа најголемите предизвици со кои се соочи во Германија?

На почетокот беше многу интересно и возбудливо. Друго место, различни народи…

Но, со тек на време се освестуваш и гледаш дека таму не припаѓаш, таму си секогаш „ауслендер“ (странец).

Некој кој мигрирал и никогаш нема да бидеш ист како нив.

После 3 години и долго размислување, одлучив да се вратам дома каде што припаѓам.

amer-od-strushko-se-vratil-od-germanija-a-denes-ima-farma-so-kravi-site-shto-mislat-deka-ima-podobro-od-ovde-se-lazhat-08.jpg

Колку ти се промени животот откако се врати? Кои беа првите разлики во начинот на живот?

По враќањето во Македонија почнав да работам како пица мајстор и после неколку месеци се појави ковид-19, па бевме принудени да престанеме со работа.

Тој беше, така кажано, еден од потешките периоди во Македонија.

Како дојде до идеја да отвориш твоја фарма за еколошки млечни производи?

Размислувајќи како да продолжам, а да не ја напуштам Македонија, одлучив да ја проширам фармата од моите родители и да го преземам бизнисот.

Тогаш ја добив и идејата за производство на еколошки млечни производи.

amer-od-strushko-se-vratil-od-germanija-a-denes-ima-farma-so-kravi-site-shto-mislat-deka-ima-podobro-od-ovde-se-lazhat-04.jpg

Колку крави имаш и како вообичаено изгледа еден твој работен ден?

Моментално имаме 10 грла и се надеваме на проширување, а со тоа и зголемување на обврските.

Нашиот работен ден почнува околу 6 и 30 часот наутро, прво со хранење на животните, па потоа со чистење и молзење на добитокот.

После тоа секој има своја задача. Така што, до 20 часот сме активни.

Да напомнам храната за добитокот сами ја произведуваме и не користиме никакви хемии и слично.

amer-od-strushko-se-vratil-od-germanija-a-denes-ima-farma-so-kravi-site-shto-mislat-deka-ima-podobro-od-ovde-se-lazhat-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“ „Од македонските музичари најблиска сум со Иван Јованов од Либеро бенд. Тој ми е...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg