Дорис Димовска со ангелскиот глас ги освојува светските фестивали: „Пеам и стари македонски песни и Селин Дион“

Нејзиниот талент за првпат го забележале Ана и Игор Дурловски, а сега под менторство на Андријана Јаневска освојува признанија и дипломи на светските и домашните музички натпреварувања. Дорис Димовска е талент за кој допрва ќе се слушне.

doris-dimovska-so-angelskiot-glas-gi-osvojuva-svetskite-festivali-peam-i-stari-makedonski-pesni-i-selin-dion-01.jpg

Таа има 14 години и досега учествувала на голем број музички натпревари, а со својот ангелски глас и добрата техника за пеење што постојано ја усовршува успеала да освои голем број награди и признанија.

Родена во Гостивар, а живее во Скопје, па вели дека со нетрпение ги очекува викендите за да се врати таму.

doris-dimovska-so-angelskiot-glas-gi-osvojuva-svetskite-festivali-peam-i-stari-makedonski-pesni-i-selin-dion-02.jpg

Дорис годинава беше полуматурантка и основното образование го заврши во ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ во Скопје, а паралелно со образованието посветена е и на музиката и на развивање на нејзиниот музички талент.

Во разговор за CRNOBELO.com со мајка ѝ на Дорис, Билјана Димовска открива како кај Дорис го забележале нејзиниот талент:

„Уште од мала возраст поточно од втората година, Дорис покажуваше интерес кон музиката, но ние тоа не го сфативме многу сериозно, мислејќи дека тоа се само едни детски визии и желба за имитација на познатите пејачи.

Со текот на годините, нејзиниот глас сè повеќе и повеќе се надградуваше, но и покрај тоа ние како родители не ѝ наметнавме никаква наша желба или насока, односно оставивме самата да одлучи кога сака да започне со музичката кариера, а ние да ја поддржиме и да вложуваме во нејзиниот талент“ – вели Билјана.

doris-dimovska-so-angelskiot-glas-gi-osvojuva-svetskite-festivali-peam-i-stari-makedonski-pesni-i-selin-dion-03.jpg

Дорис самата одговори на неколку прашања поврзани со нејзината кариера и за тоа кои се нејзините планови.

Дали планира музиката да ѝ биде единствениот правец во животот или има и план Б? Колку музичката кариера влијае врз нејзиниот секојдневен живот?

Во продолжение проследете го целото интервју со Дорис:

Кога почна да посетуваш часови по пеење? Кои ти беа први ментори, кој ти се ментори во моментов?

Во 2019 година моето школување го започнав во Академија „Дурловски“ под менторство на Ана и Игор Дурловски, а во 2021 година по препорака на Ана, моето школување го продолжив во музичкото училиште „Андријана Јаневска“, под менторство на Андријана Јаневска каде сум и ден-денес.

doris-dimovska-so-angelskiot-glas-gi-osvojuva-svetskite-festivali-peam-i-stari-makedonski-pesni-i-selin-dion-09.jpg

Колку се напорни часовите по пеење? Одземаат ли премногу од слободното време?

Со оглед дека музиката освен што е мое хоби таа е и еден дел од мојот живот, при што часовите па и сите ангажмани околу музиката се мое задоволство, а на прашањето дали ми одземаат дел од слободното време можам да кажам дека за сè може да се најде време кога нешто се сака.

doris-dimovska-so-angelskiot-glas-gi-osvojuva-svetskite-festivali-peam-i-stari-makedonski-pesni-i-selin-dion-04.jpg

Најчесто настапуваш со песни од Селин Дион, а каква музика обожаваш да слушаш дома? Кои пејачи ти се идоли?

Освен песните на Селин Дион, омилена музика ми е поп музиката, но неретко знам да запеам и стари македонски песни, а од пејачи можам да ги издвојам Тејлор Свифт, Аријана Гранде и Адел.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Данче Антовска: „Најголемиот шок ни беше кога докторката ни соопшти дека ќерка ни Анастасија има цис... „Анастасија растеше и напредуваше нормално. Еден месец пред да ја дијагностицира...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Ивана К. Чурлевска живее во Финска: „Кога Финец ве договара за кафе, очекува да му кажете точно врем... „Кога првпат на гости ни дојдоа Финци, јас секако дека имав подготвено вечера, а...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Дарко Илиевски за татковството: „Синот првата ноќ по раѓањето беше на мониторинг - јас не му ја испу... „За синот Матео, идејата за името беше на сопругата, а неговото средно име го из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg