Кристине од Струмица е мажена за Кореец: „Се вљубив на прв поглед, имавме традиционална корејска свадба – траеше само 2 часа“

„Сопругот го запознав на мојот роденден, во бар кај што тој беше менаџер и диџеј. За мене тоа беше љубов на прв поглед, а тој ме игнорираше 2 недели и ми кажа дека не излегува со клиенти од барот. Се разочарав малку, ама наместо да бидам клиент, се вработив таму како келнерка“, вели за CRNOBELO.com Кристине од Струмица, која е во брак со Кореец.  

kristine-od-strumica-e-mazhena-za-koreec-se-vljubiv-na-prv-pogled-imavme-tradicionalna-korejska-svadba-traeshe-samo-2-chasa-01.jpg

Кристине Ро (29) од Струмица во 2014 година замина од Македонија во Кореја. Таму живееше неколку години пред да се пресели во САД, но потоа повторно се врати во Кореја, каде што си ги пронајде среќата и љубовта.

Пред неколку години таа излегла во клуб да си го прослави роденденот и таму го запознала сопругот, Хјонџонг Ро (28), кој во тоа време бил диџеј во клубот.

Иако вели, 2 недели ја игнорирал, денес се во хармоничен брак, а годинава во мај добија и син.

kristine-od-strumica-e-mazhena-za-koreec-se-vljubiv-na-prv-pogled-imavme-tradicionalna-korejska-svadba-traeshe-samo-2-chasa-21.jpg

Интересно е што Кристине пред неколку години неофицијално си го сменила името, па во Кореја ја знаат како Соми.

„Го направив тоа пред 4 години, но не е сменето официјално.

Најдов име што ми се допаѓаше на корејски и со кое ми е полесно да се претставувам овде на луѓето.

Соми нема никакво посебно значење - изгуглав ретки корејски имиња за девојки, излезе на листата и ми се допаѓаше најмногу од сите“, вели таа.

kristine-od-strumica-e-mazhena-za-koreec-se-vljubiv-na-prv-pogled-imavme-tradicionalna-korejska-svadba-traeshe-samo-2-chasa-35.jpg

За својот живот во Кореја, за необичната љубовна приказна со Хјонџонг, и што сè направила за да го освои, Кристине ни раскажа во интервјуто за CRNOBELOcom:

„Родена сум во Струмица, а моментално живеам во градот Бусан во Јужна Кореја со сопругот и синот.

На почетокот бев учителка по англиски, но пред година и пол почнав да работам како модел и се појавувам често на Јутуб со локални јутубери.

Но, откако останав бремена, одлучив да бидам дома со бебето и сега работам како инфлуенсер и соработувам со различни компании и клиники.

Маж ми е од овде и моментално работи градежништво и ентериер“ - ја почна таа својата приказна.

kristine-od-strumica-e-mazhena-za-koreec-se-vljubiv-na-prv-pogled-imavme-tradicionalna-korejska-svadba-traeshe-samo-2-chasa-24.jpg

Што те одведе во Кореја? Дали кога одеше очекуваше да останеш или планираше само кратко патување?

Првпат дојдов во Кореја во 2014 година со мојот поранешен партнер.

Живеевме овде 3 години и заминавме за Америка каде што останав 2 години и добив американско државјанство.

Во 2019 повторно заедно се вративме за Кореја.

Се разделивме во 2020 година, а јас одлучив да останам овде и почнав да работам како учителка по англиски јазик. Тогаш живеев во градот Инчон.

kristine-od-strumica-e-mazhena-za-koreec-se-vljubiv-na-prv-pogled-imavme-tradicionalna-korejska-svadba-traeshe-samo-2-chasa-09.jpg

Каков ти беше првиот впечаток за земјата? Што те воодушеви најмногу, а што те разочара?

Искрено, првиот пат кога дојдов во Кореја, не ми се допаѓаше многу. Не го разбирав јазикот, сè ми беше чудно.

Кога се вратив во 2019 ми се смени мислeњето и верувам дека откако почнав да живеам сама тука и да работам, бев повеќе изложена на нивната култура, па ја прифатив полесно.

Најмногу ме воодушеви тоа што Кореја е многу чиста и сигурна земја. Луѓето имаат многу почит и се љубезни.

Храната овде е топ. Можеби ми е најомилена од сите кујни што сум ги пробала.

Исто така, државниот превоз е еден од најдобрите во светот.

За разочарување, би рекла дека ми е тоа што не користат многу англиски, па ми беше малку тешко да стекнам пријатели додека не го научив корејскиот јазик.

Исто така, за странци нема многу избор за работа.

kristine-od-strumica-e-mazhena-za-koreec-se-vljubiv-na-prv-pogled-imavme-tradicionalna-korejska-svadba-traeshe-samo-2-chasa-02.jpg

Колку време по доаѓањето во Кореја го запозна сопругот?

Сопругот го запознав на крајот на 2021 година, баш на мојот роденден. Секогаш се шегувам со него дека тој ми е најомилениот роденденски подарок.

Таа вечер славев со другарки и отидовме во бар кај што тој работеше како менаџер и диџеј.

За мене тоа беше љубов на прв поглед, па јас го побарав на Инстаграм. Првпат јас пробував да освојам некого.

На почетокот ме игнорираше 2 недели и ми рече дека има правило да не излегува со клиенти од барот.

Се разочарав малку, ама од мала сум тврдоглава, па наместо да бидам клиент, се вработив во барот како келнер со пола работно време.

Тогаш почнавме да се запознаваме подобро и во 2022 почнавме врска и почнавме да живееме заедно.

kristine-od-strumica-e-mazhena-za-koreec-se-vljubiv-na-prv-pogled-imavme-tradicionalna-korejska-svadba-traeshe-samo-2-chasa-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Јелена Розга за CRNOBELO: „Мислев ќе се срушам од убавина кога публиката ја пееше ‘Гинем’ на цел гла... „Утрото пред концертот имав некој чуден страв, па ѝ се јавив на другарка ми и ѝ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg