Драган Спасов Дац за CRNOBELO лексикон: „Во години сум кога и јас можам да бидам нечиј идол“

„Во младоста не бев по тепањето, но знаев да се одбранам ако некој ме нападнеше, никогаш не останував покусо. A, најдобро потрошени пари ми се во кафеана“ - Драган Спасов Дац се потпиша во лексиконот на CRNOBELO.com. 

dragan-spasov-dac-za-crnobelo-leksikon-vo-godini-sum-koga-i-jas-mozham-da-bidam-nechij-idol-01.jpg

Драган Спасов Дац открива дека бил многу палаво дете, иако никогаш не правел големи бељи.

Не обожавал училиште, но отсекогаш сакал да биде тоа што е сега, само по обратен редослед - прво пејач, па глумец. 

Признава дека омилено место му е домот полн со љубов и дека не се плаши од ништо. 

За детството, слободното време, омилените песни и многу други работи, прочитајте што одговори Дац во нашиот лексикон... 

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Драган Спасов Дац.

2. Колку години имаш и што си во хороскоп? 

Имам 175 години, Овен сум во хороскоп и роден сум на 20 април 1963 година.

dragan-spasov-dac-za-crnobelo-leksikon-vo-godini-sum-koga-i-jas-mozham-da-bidam-nechij-idol-03_copy.jpg

3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?

Како фан на „Бјело Дугме“ би рекол некоја од нив, но како изведувач би рекол „Срце на робија“ од Дац и Александар.

Омилена пејачка ми е Биљана Ѓошева поради нејзиниот глас, стас и однесувањето на сцената.

4. А омилена книга?

„Бескрајна приказна", во која се спасува фантазијата која во последно време им фали на децата.

5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?

Марлон Брандо и филмот „Кум".

dragan-spasov-dac-za-crnobelo-leksikon-vo-godini-sum-koga-i-jas-mozham-da-bidam-nechij-idol-10.jpg

6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?

Скаран сум со спортот.

7. Имаш ли милениче? Како се вика?

Имам куче Бигл кое е старо 4 години и се вика Танго.

dragan-spasov-dac-za-crnobelo-leksikon-vo-godini-sum-koga-i-jas-mozham-da-bidam-nechij-idol-16.jpg

8. Кој ти е среќен број?

134.

9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?

Ова што сум сега, но по обратен распоред. Прво сакав да бидам пејач, а потоа глумец.

dragan-spasov-dac-za-crnobelo-leksikon-vo-godini-sum-koga-i-jas-mozham-da-bidam-nechij-idol-13.jpg

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?

Не пребирам, пијам и јадам сè.

11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?

Еден од најстарите другари со кого сè уште контактирам е Ѕвонко Штркот. Со него се знам од второ одделение.

12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Немав омилени предмети и не сакав училиште.

dragan-spasov-dac-za-crnobelo-leksikon-vo-godini-sum-koga-i-jas-mozham-da-bidam-nechij-idol-07.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg