Михајло Блажески, тату артист: „Омилено ми е да тетовирам портрети и колку покомплицирани - толку подобро“

 „Омилени тетоважи ми се портрети од спортисти, особено познати кошаркари, бидејќи кошарката ми е пасија, но исто така и тетоважи со ликови од познатите филмови, некои историски личности, митологија, херои од видеоигрите, теми од животинскиот свет“, вели Михајло Блажески, тату артист од Скопје, за CRNOBELO.com.

mihajlo-blazheski-tatu-artist-omileno-mi-e-da-tetoviram-likovi-i-kolku-pokoplicirano-tolku-podobro-01.jpg

Михајло Блажески e тату артист од Скопје, кој се занимава со тетовирање веќе 9 години.

Тој вели дека колку некоја тетоважа е покомплицирана, толку му е поголем предизвик.

За својата работа за CRNOBELO.com вели:

„Со тетовирање се занимавам од 2016 година, но цртам од кога знам за себе и цел живот работам нешто поврзано со уметноста.

mihajlo-blazheski-tatu-artist-omileno-mi-e-da-tetoviram-likovi-i-kolku-pokoplicirano-tolku-podobro-14.jpeg

Пред да започнам да се занимавам со тетовирање, работев како графички дизајнер и илустратор петнаесетина години, тоа ми е и струка бидејќи имам завршено ликовна академија, отсек графика со графички дизајн.

mihajlo-blazheski-tatu-artist-omileno-mi-e-da-tetoviram-likovi-i-kolku-pokoplicirano-tolku-podobro-05.jpeg

Но, мора да кажам дека никогаш целосно не се пронајдов во дизајнот, го работев повеќе бидејќи ми даваше некаков комфор, но отсекогаш сум сакал да цртам, „олдскул“ на лист, не на компјутер или таблет каде има многу алатки што ти ја олеснуваат работата.

Во тетовирањето нема помош, нема простор за грешка, или те бидува или не.

mihajlo-blazheski-tatu-artist-omileno-mi-e-da-tetoviram-likovi-i-kolku-pokoplicirano-tolku-podobro-02.jpg

Тука морам да му се заблагодарам на мојот другар, сега и бизнис партнер Роберт Китановски од Скопје Инк, кој со години ме убедуваше да почнам да тетовирам, и многу ми е драго што успеа да ме убеди, бидејќи навистина уживам во оваа работа, а и самата тату индустрија се промени многу во позитивна смисла.

mihajlo-blazheski-tatu-artist-omileno-mi-e-da-tetoviram-likovi-i-kolku-pokoplicirano-tolku-podobro-11.jpeg

Се подобри и од технички аспект како поквалитетни бои, машинки, продукти за нега, но исто така и перцепцијата на луѓето кон тетоважите е поинаква сега, особено тука кај нас, бидејќи во западниот свет одамна е така.

mihajlo-blazheski-tatu-artist-omileno-mi-e-da-tetoviram-likovi-i-kolku-pokoplicirano-tolku-podobro-13.jpeg

Се сметам за прилично добар артист општо, но сепак омилен стил и тоа што најчесто го работам и го правам со најголемо задоволство е „блек енд греј“ реализам.

mihajlo-blazheski-tatu-artist-omileno-mi-e-da-tetoviram-likovi-i-kolku-pokoplicirano-tolku-podobro-03.jpeg

Омилени ми се портрети од спортисти, особено познати кошаркари, бидејќи кошарката ми е уште една пасија, но исто така и тетоважи со ликови од познатите филмови, некои историски личности, митологија, херои од видеоигрите, теми од животинскиот свет.

mihajlo-blazheski-tatu-artist-omileno-mi-e-da-tetoviram-likovi-i-kolku-pokoplicirano-tolku-podobro-10.jpeg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Охриѓанката Маринела Кошаркоска е тату-артист во Чикаго: „Од дете цртав уметнички дела и икони, сега... „Талентот за цртање го носам во гените од мала. На училиште постојано цртав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg