Д-р Маја А. Викторијоски е специјалист педијатар, дама со впечатлив моден стил, тетоважи и страст за јога и цртање
Иако секогаш се трудам да сум средена, не се оптоварувам со сложена шминка, туку се фокусирам на основна хигиена и нега на кожата. Обично користам ББ крем наместо пудра, бидејќи шминката ми е повеќе губење време, сепак, како и секоја жена, за одредени пригоди сакам да бидам нашминкана.
Најдобрите и најискрените совети што сум ги добила се секако од моите родители, во случајов еве еден од мајка ми, кој ми е мото што ме води напред: „Во животот имаш две опции, да креваш прашина или да ја голташ, изборот е твој“.
А животна лекција и совет што би ѝ го дала на мојата помлада верзија, е да не трошам време и нерви на небитни работи и луѓе, затоа што времето е скапоцено и неповратно, а мирот и спокојот се бесценети“.
Повеќе фотографии од Маја:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
Би можело да ве интересира:





