Александра Јовановска за евровизиските искуства: „Калиопи е миленик на фановите, ги гледав Мадона и Џастин Тимберлејк во живо“
- Детали
- вторник, 13 мај 2025
„Има многу анегдоти од Евросонг, но ќе издвојам една - Влатко Илиевски како вистински шармер си најде „Русинка” на турнејата во Белорусија...“, вели Александра Јовановска, која долги години е дел од македонскиот евровизиски тим, за CRNOBELO.com.
Александра Јовановска од 2006-та година е дел од МРТ, а работи како ТВ и радио водител и новинар-уредник на емисии.
Таа долги години беше и дел од евровизискиот тим на земјава - од водител на домашниот избор, преку шеф на прес на Евросонг и шеф на делегацијата во Ротердам, до сегашната улога на коментатор на Евровизија.
„Уште од првата година во МРТ се интересирам и работам на Евровизија, пред сè на емисии, но и како дел од националните избори, без разлика дали тоа било како водител на сцена, на црвениот килим, во зелената соба...
Бев и домаќин на шоуата и специјалните емисии каде се претставувале нашите евровизиски песни.
Од 2013-та година влегувам и во делегацијата како шеф на прес, но и новинар кој подготвува специјални емисии од Евровизија и известува за настанот.
Во 2019-та година во Тел Авив бев асистент шеф на делегација и новинар, а во 2021-та, во екот на пандемијата, МРТ во Ротердам ме испрати како предводник на делегацијата и бидејќи бев единствен претставник од нашиот јавен сервис, таму морав да ја имам и улогата шеф на делегација или како што гласи официјално таа позиција на ЕБУ, Head of Delegation on site.
Мора да признаам дека сега уживам во моменталната улога на коментатор на Евровизија“, вели Александра на почетокот на нашиот разговор.
За своите искуства поврзани со најголемото музичко натпреварување во Европа, како е да се биде зад сцената и да се работи со домашните претставници, Александра ни раскажа во интервјуто:
Вечерва почнува 69. издание на Евровизија, а ние неколку години веќе не учествуваме. Од аспект на новинар кој многупати бил на Евросонг, гледајќи фотки, видеа од пријателите, дали би сакала да си таму, дали ти недостига дружењето, еуфоријата и сè што носи самото натпреварување (дури и стресот)?
Мора да признаам дека не ми недостасува. Реално не размислувам на Евровизија додека не ми се даде конкретна задача.
Секако дека тоа ја зголемува динамиката на нашето секојдневно работење и носи многу возбуда и искуство, но и вака се чувствувам како дел од настанот.
Колкупати си била на Евровизија и која од нив ти останала во најубаво сеќавање?
На Евровизија сум присутна од 2013-та со Есма и Лозано, па сè до Андреа и Евровизијата во Торино во 2022 година.
Претходно бев само на промотивна турнеја со Влатко Илиевски во Амстердам и Минск.
Секоја Евровизија е убава на свој начин, но ако треба да издвојам, нека биде Тел Авив во 2019, последната пред да настапи ерата на пандемија и светот да се смени.
Со кој сè од нашите учесници си соработувала? Кој од нив бил најпрофесионален во својата работа, а кој, според тебе, им бил омилен на фановите (и зошто)?
Секој учесник е своја приказна, а тоа важи и за неговиот тим.
Сите влегуваат во проектот со некои идеи, големи очекувања и верба дека можат подобро од претходниот, но не е секогаш Евровизија она што си го замислувате додека гледате ТВ.
Генерално, од Некст Тајм па наваму, сум работела со сите, дали тука или како дел од делегацијата.
Некој е поголем ентузијаст во извршување на агендата некој помал, но не можам да кажам дека биле лоши соработници, напротив.
Омилена кај евровизиската публика мислам дека останува да биде Калиопи!
Раскажи ми некоја анегдота поврзана со наш учесник на Европсонг.
Имало многу, ама нека останат за некоја друга прилика.
Но, ќе издвојам една - Влатко Илиевски како вистински шармер си најде „Русинка” на турнејата во Белорусија...
Низ годините на големата сцена се појавија многу светски ѕвезди... Имаше ли средба со некои од нив? Сподели ни впечатоци.
Ми беше мило што имав прилика да ги видаме настапите на Џастин Тимберлејк и Мадона, да запознаам многу евровизиски легенди кои сме ги гледале уште како деца, да се сретнам и да имам интервју со Бони Тајлер, групата Блу и други.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





