Александра Јовановска за евровизиските искуства: „Калиопи е миленик на фановите, ги гледав Мадона и Џастин Тимберлејк во живо“
За оние што мислат дека Евровизија се само три вечери кои се гледаат на телевизија, раскажи ни накратко што се случува зад сцената?
Евровизија трае најмалку шест месеци од изборот на претставникот, до процесот на создавање на песната, осмислување на сценскиот настап, бројните административни побарувања од ЕБУ до секоја делегација, подготовка и организација на престојот на делегацијата, промотивните активности на пејачот, па сè до тие последни две недели кога си веќе таму, во градот домаќин.
Тие две недели се најлесни, сè е организирано, пробите течат по распоред, исто и прес конференциите, точно се знае каде треба да бидеш и колку време ќе се задржиш, кој е твојот следен чекор, свечена церемонија, споредни активности, настапи во евровизискиот клуб, евровизиското село...
Стресот доаѓа од фактот што делегацијата е мала, и кај нас најчесто еден човек покрива неколку позиции и се труди да надомести сè што недостасува, да помогне секаде, што не е најдобриот начин за успех, а потоа разочарувањето е уште поголемо кога знаеш колку си се вложил.
Секако аплауз за тоа нема, само критика, а можело да биде уште полошо.
Еден од најинтересните моменти секогаш е гала забавата на свеченото отворање, каде што се дружат сите учесници, новинари, порано и фанови... Има ли некоја забава (и каде) која ќе ја паметиш засекогаш?
Не сум голем фан на забавите надвор од официјалниот дел, церемониите на свечено отварање на Евровизија се навистина гламурозни, тие се случуваат во Градските куќи што се самите по себе значајни историски и културни објекти, па целата атмосфера е навистина впечатлива.
Виена ми е една од омилените, а исто така би ја издвоила и забавата во Торино.
Како изгледа да си во „зелената соба“, додека се читаат гласовите? Беше ли таму и со Тамара додека се редеа 12-ките од жирито?
Стресно, бидејќи јас кога сум била во зелената соба најчесто се читало дали ќе бидеме во финале, а тоа никогаш не се случило.
За Тамара не бев во зелената соба, го следев изборот од делегацискиот простор и, искрено, додека траеше гласањето, бев повеќе збунета. Радоста ми дојде отпосле.
Годинава ќе го коментираш преносот. Колку долго се подготвуваш за ова? Ги имаш ли однапред сценаријата?
Да, подготовките започнуваат една недела претходно.
Сценаријата стигнуваат во нивната првична верзија, потоа ги следиме сите промени и секако јас ги знам сите шоуа претходно, имам прилика да ти гледам генералните проби ден претходно, па секој дел од сценариото ми се разјаснува комплетно.
Имаш ли фаворит годинава? А настрана фаворитот, што мислиш, каде ќе се оди догодина на Евровизија?
Фаворит немам, има некои песни кои лично ми се допаѓаат, но не мислам дека се фаворити.
Шведска и Украина би ги издвоила како секогаш потенцијални победници, но не верувам дека ќе биде една од нив.
Повеќе фотографии во продолжение:
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





