Емра Куртишова за љубовта со сопругот Петар: „Ме запроси на мојот роденден, доцневме на сопствената свадба“
Со Петар ја имате ќерката Лена. Колку нејзиното раѓање ви ја зацврсти љубовта?
Лена има година и пол, таа е причина плус за која ѕверски се бориме со секоја препрека во животот.
Љубовта постоеше и пред неа, но, со неа дојдоа и посветеноста, грижата одговорноста - сè она што го прави семејството.
Кој е поромантичен - ти или тој? И која е најубавата романтична работа што ја направил за тебе, или ти за него?
Петар е Рак во хороскоп, јас сум Јарец. Кој е поромантичен? Ха, ха, ха дефинитивно тој е поиницијативен кога станува збор за романтични гестови.
Често знае да ме изненади со убава вечера, викенд во Грција, а за родендените секогаш смислува нешто креативно, вешто крие до последен момент и навистина секогаш ме изненадува.
Колку години сте во брак? Како сега ги одржувате љубовта, страста, почитувањето?
Во јуни ќе правиме 2 години од брак. Но, некако бројкава ми изгледа мала, имам чувство како да сме заедно и во брак подолго време.
Љубовта ја одржуваме така што си сме пријатели пред сè. Зборуваме многу, се смееме, си ги кажуваме и убавите и тешките работи.
Страста не се гаси кога има блискост, кога си тука еден за друг, дури и во најобични моменти. А почитта... тоа е основата.
Си даваме простор, си се слушаме и си помагаме. Знаеме дека сме тим и дека кога е тешко, само заедно можеме да издржиме.
Тоа е она што нè зближува и не дозволува да нè оддалечи.
Што, според тебе, е важно за успешен брак?
Според мене, за успешен брак најважни се искрената комуникација, почитувањето и поддршката, особено во тешки моменти.
Не е сè идеално, но кога знаеш дека си со некој што те слуша, што те разбира и што стои до тебе дури и кога не е лесно, тогаш љубовта станува посилна.
Исто така, верувам дека малите гестови прават голема разлика - едно кафе заедно, поглед, допир, шега што само ние ја разбираме.
А кога имаш и дете, сè добива нова смисла. Таа ни е потсетник зошто вреди да се бориме, секој ден одново.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





