Нашиот фотограф BadStef се врати од Кан: „На забава на Roberto Cavalli jа сретнав Ева Лонгорија, фотографирав светски модели“
Таму фотографиравме и за мојата соработничка од Словенија, Матеа Бенедети, но овој пат со светскиот познат супермодел од Чешка, Петра Немцова и нејзиниот партнер Бенџамин Лареш.
Петра, освен по модната кариера, е позната и како голем хуманитарец, но и жена која го преживеа цунамито во Индонезија во 2004-та, а во кое почина нејзиниот тогашен партнер.
Петра се држела на палма 8 часа пред да биде пронајдена и спасена.
Таа сега има хуманитарна организација која спасува луѓе од природни непогоди.
Како дел од едиторијалот со нив, на крај, направивме и фамилијарна фотосесија, а на фотките со Петра и Бенџамин е и нивниот мал син, кој е многу сладок и веќе зборува 3 јазици.
Наредниот ден беше резервиран за мојот долгогодишен соработник Филип Плејн.
Но, поради врнежливото време, неговата ревија и модно шоу, кои ги прави секоја година за време на Канскиот фестивал, не се одржаа во неговата вила La Jungle du Rois, туку во историскиот хотел Carlton на главната улица во Кан, La Croisette.
Тука, јас бев задолжен за фотографиите за новата кампања на Филип.
По ревијата, се одржа одлична коктел-забава. На овој настан, како секогаш, присуствуваа многу ѕвезди, модели, инфлуенсери, актери, фудбалери од целиот свет, а најмногу од Америка, Бразил, Шпанија и Германија.
Следниот ден, Филип нè угости во својата милионска вила од 700m2, само близок круг на пријатели и соработници.
Тука имавме прилика да видиме дел од неговата најнова колекција луксузни Philipp Plein часовници, кои ќе ги пушти во продажба наскоро.
Последните два дена во Кан ми беа посветени на одмор и релаксација, на средби со пријатели кои беа таму за време на Формула 1 викендот во Монако, Монте Карло, неколку бизнис состаноци и малку ноќен живот.
Морам да кажам дека најдобрата забава таа цела недела беше во Medusa со диџејот Рампа од KeineMusic, со кого многу често се среќавам во Милано, Париз и Миконос.
Од познатите личности кои ги видов таа недела во Кан беа Ева Лонгорија, Том Круз, Бела Хадид, Наоми Кемпбел, Леонардо ди Каприо и многу други модели и инфлуенсери кои се многу присутни на светската модна сцена, но не се познати имиња во Македонија.
Секако, самата енергија низ градот за време на филмскиот фестивал е неверојатна, но некогаш сето тоа трчање и брзање од настан на настан знае да биде многу напорно и стресно.
Од друга страна, целиот тој гламур и сјај надоместуваат за сѐ“.
Повеќе фотографии во продолжение:
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





