Нашиот фотограф BadStef се врати од Кан: „На забава на Roberto Cavalli jа сретнав Ева Лонгорија, фотографирав светски модели“
- Детали
- петок, 30 мај 2025
„Во престижниот хотел Eden Cap du Roc ja фотографирав Викторија Силвстед, најдобра пријателка и цимерка на Меланија Трамп од студентски денови. Таа е позната во високите општествени кругови како Lady of Monaco и е поранешна натпреварувачка на Miss World, но и Playboy зајачица“ - раскажа за CRNOBELO.com, нашиот познат фотограф Стефан Соколовски.
Нашиот фотограф со интернационална кариера, Стефан Соколов - BadStef, изминатите неколку дена беше во Кан.
Ова не е негова прва посета на бисерот на Азурниот брег во времето на Филмскиот фестивал, но како и секоја претходна година, му донесе нови работни ангажмани, познанства и многу спомени.
Во Кан, Стефан ја сретна Ева Лонгорија, беше гостин на забавата на модниот бренд Roberto Cavalli, се прошета на црвениот тепих на Кроазетата, а ја фотографираше и некогашната светска манекенка Петра Немцова.
За неколкуте дена поминати во Кан, приватно и професионално, Стефан раскажа за CRNOBELO.com:
„Првиот ден веднаш од аеродромот отидов на фотосесија, каде што снимавме со Тарина Пател - познат модел и продуцент од Кејп Таун, Јужна Африка.
Целата екипа за коса и мејкап беше од Лондон, а кампањата беше за единствената еко-одржлива дизајнерка од Словенија, Матеа Бенедети.
Таа прави креации од еко кожа и од материјали произведени од рециклажа од кожа од маслинки, ананас, бамбус и слично.
Нејзини креации носеше мајката на Били Ајлиш во текот на минатата сезона на Оскарите.
Истиот ден вечерта, се појавив на црвениот тепих на Канскиот фестивал, а присуствував на премиерата на филмот Exit 8, приказна напишана од јапонскиот писател Кавамура Генки, а кој беше навистина одличен.
Веднаш потоа трчав да стигнам на забавата на брендот Roberto Cavalli, на Annex Beach каде што беше навистина незаборавно, а меѓу гостите беше Ева Лонгорија.
Вториот ден фотографирав два едиторијали со продукциски куќи од Шпанија и од Аргентина, а овој пат „бјути“ екипата беше од Русија.
Едниот едиторијал го правевме во Ница, во прекрасен рустичен хотел, а модел ми беше постара дама од Австрија.
Вториот едиторијал, пак, беше во Антиб во престижниот хотел Eden Cap du Roc каде што ja фотографирав Викторија Силвстед, најдобрата пријателка и цимерка од студентски денови на Меланија Трамп.
Викторија е позната во високите општествени кругови на Азурниот брег како Lady of Monaco. Таа е и поранешна натпреварувачка на Miss World (завршила во топ 10) и Playboy зајачица.
Но, таа е и филантроп и огромен хуманитарец, па беше навистина чест да се соработува со неа. Мора да кажам и дека нејзината енергија е незаменлива.
А едиторијалот со Викторија беше за насловната страница на списанието Grazia во Америка и едвај чекам да споделам какви фотки направивме.
Наредниот ден имав чест да фотографирам на најстарата оригинална јахта во светот.
Станува збор за јахтата Kalitzma, која Ричард Бартон ѝ ја подарил на Елизабет Тејлор.
Датира уште од 1906 година и има поминато две Светски војни, бури, но и покрај тоа сѐ уште функционира и ѝ во одлична состојба.
Неколку пати е обновувана, но го има задржано вистинскиот стил и внатрешниот ентериер. Комодите внатре се инспирирани од декорот на рестораните Cipriani низ светот.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





