Чарна Невзати по изборот за Мис: „Темпото беше напорно, секогаш требаше да сме насмеани и со шминка, но уживав“
- Детали
- четврток, 05 јуни 2025
„Имаше моменти на тензии покрај 108 девојки, умор, притисок - очекувано е. Имаше неколку „диви карактери“ кои мислеа дека сцената им припаѓа само ним, но брзо се балансираше, зашто сите сме човечки суштества под шминката и круните“ - нашата Чарна Невзати раскажа што се случуваше зад сцената на изборот на Мис за CRNOBELO.com.
Прекрасната Чарна Невзати, по три недели поминати во Индија, на изборот за Мис на светот 2025, конечно е дома.
Таа полека ги отпакува куферите, ги средува впечатоците и со радост се сеќава на времето поминато со уште 107 девојки од целиот свет - сите со различни карактери, а сите со иста желба - да ја освојат титулата за најубава девојка на светот.
Чарна, за жал не влезе во финалните 40, и иако во разговор за CRNOBELO.com признава дека е малку разочарана, сепак вели дека ова искуство ја научило многу, вклучувајќи го и тоа дека е посилна отколку што мислела.
За времето поминато во Индија, дружењето и солзите на разделбата, имало ли ривалство меѓу девојките, кој ја шминкал за настапите и како издржувала и по 14 часа под шминка и со насмевка, дури и кога била изморена, Чарна ни раскажа по нејзиното враќање.
Прочитајте го интервјуто за CRNOBELO.com:
Пред неколку дена се врати од Индија. Ако треба со еден збор да го опишеш целото искуство, кој збор би бил тоа?
„Трансформативно“ е зборот што би го употребила.
Ова не беше само натпревар, туку патување што ме промени одвнатре. Патување во кое учиш, растеш и се изградуваш.
Кои беа најпозитивните работи од твојот 3-неделен престој во Индија?
Најпозитивни беа пријателствата што ги создадов, размената на култури и фактот што секој ден учев нешто ново и за светот и за себе.
Имавме можност да го почувствуваме индискиот дух нивната традиција, гостопримливост и љубопитност кон другите култури.
А што беше негативно - кои работи те разочараа или беа поинакви од она што очекуваше?
Искрено, најтешко ми падна темпото.
Спиевме по неколку часа на ден, а секогаш требаше да бидеме насмеани и полни со енергија.
Со која од девојките беше најблиска? Дали контактираше со сите 107 девојки или имаше некои со кои никогаш не проговори ни збор?
Најблиска бев со мојата цимерка од Полска, Маја Клајда, која беше избрана за Мис Европа, но и со девојките од Балканот - посебна врска се создаде меѓу нас.
Но, исто така и со претставничките од Шкотска, Јужен Судан, Украина, Ирска и Северна Ирска...
Не можев со сите 107 да се поврзам, што е нормално, но се трудев секоја да ја поздравам барем еднаш со насмевка, со збор.
Имаше ли солзи на разделбата и планови за да се видите наскоро пак?
Да, имаше многу солзи. Не затоа што заврши натпреварот, туку затоа што создадовме врска што не се гради лесно.
Имаме група каде што сме постојано во контакт, а некои од нас веќе си прават планови за повторна средба - можеби некаде на половина пат од светот.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





