Ветеринарот Ванчо Јосифоски за CRNOBELO: Топ 3 совети како да ги заштитите милениците на плажа
- Детали
- четврток, 12 јуни 2025
„Премногу долго крзно и премногу кратко крзно можат да бидат проблем за вашиот миленик. Крзно од 2-3 сантиметри е најдобро за на сонце, но во ниту еден случај миленикот да не се изложува директно на сончеви зраци“, гласи еден од советите од ветеринарот Ванчо Јосифоски.

Ванчо Јосифоски (38) има дипломирано на Ветеринарниот факултет во Скопје и повеќе од 14 години работи како ветеринар.
Toj за CRNOBELO.com ги споделува најважните совети за одмор со миленик.
Што треба да знаете пред да отидете на одмор со миленик, според ветеринарот Ванчо Јосифоски:
„Да почнам од почеток, пред плажатa, oдносно пред да патувате прво и основно - обезбедете документи за патување за миленикот и одморот нека почне.
Под број 1 сонце.
Најпрво пред да излезете на сонце, подгответе го крзното на вашиот миленик.
Премногу долго крзно и премногу кратко крзно можат да бидат проблем.

Премногу долгото и густо крзно може да придонесе за побрзо дехидрирање и зголемување на телесната температура, а со тоа и топлотен удар.
Премногу краткото крзно може да доведе до изгореници кои можат да бидат и фатални по здравјето на миленикот.

Под најголем ризик се белите раси мачки и кучиња како малтезер, бишон, самојед, кои имаат депигментирана кожа, но и црновлакнестите миленици, кои поради бојата привлекуваат повеќе зраци.

Крзно од 2-3 сантиметри е најдобро за на сонце, но во ниту еден случај миленикот да не се изложува директно на сончеви зраци.
Досега, за жал, сè уште нема заштитен фактор кој ќе го штити миленикот од сончевите зраци.

Под број 2 песок на плажа.
Кога миленикот го шетате на плажа запаметете дека тој е поблиску од нас до површината на земјата, а таму и температурата е повисока и испарувањата се поголеми.
Песокот на плажа исто може да повреди, односно високата температура на самиот песок може да ги изгори шепите на миленикот, но и камената плажа може исто така да ги изгори шепите и да ги повреди прстите и ноктите на миленикот.

Доколку сте на море, дури и солта во песокот може да јави алергии по кожата и чешање и отворање рани, за разлика пак на несолена површина, каде ова не може да се случи.