Ветеринарот Ванчо Јосифоски за CRNOBELO: Топ 3 совети како да ги заштитите милениците на плажа

Кога сте на плажа внимавајте на однесувањето на вашиот миленик, односно пратете го дишењето, хипервентилацијата (брзото дишење кај милениците, бидејќи немаат потни жлезди и се ладат преку уста) е еден од знаците дека на миленикот му е многу топло, и дека треба да го однесете на поладно место.
Внимавајте секогаш нека биде под сенка и до него да има свежа вода. Почесто правете промена на водата за да не се загрее.

Ставањето на миленикот во вода е еден од начините да го оладите, но внимавајте кај солената вода – по капењето во неа миленикот треба после да се истушира со слатка вода.
Прошетките по плажа нека бидат во утринските и вечерните часови кога температурите се пониски и песокот не е врел, секогаш имајте крема за заштита на шепи со тоа ќе превенирате пукање на перничињата.

Под број 3 заштита.
Кога станува збор за заштита, јас ќе ја ставам под број еден заштитата од инсекти, песочната мува или Flebotomus тивкиот комарец кој е виновник за една од најраспространетата болест лајшманиоза во тропски предели, но, сега, за жал, ја има и во нашата земја - болест која нема лек.
Исто така треба фокус на заштитата од болви и крлежи.
Моја препорака е да се ставаат заштитни средства, ампули или каишки со репелент, тоа е единствен начин да се заштитат милениците од овој комарец, а и од другите инсекти кои се хранат со крв.
Тука се и инсекти како пчели, оси, виолинското коњче кои можат да направат и алергии.
Милениците сакаат понекогаш и да ги лапнат и тогаш прва помош ви е најблиска ветеринарна амбуланта.

Значи да резимираме, кога одиме заедно со нашиот миленик на плажа клучно е:
- Најважно е да ја знаете локацијата на најблиската ветеринарна амбуланта
- Ампула или каишка со репелент за болви, крлежи и комарци
- Свежа вода, која често ќе ја менувате
- Чадор за сенка
- Крема за шепи
И одморот може да почне…“
Прочитајте и Интервју со ветеринарот Ванчо Јосифоски: „Миленик со дијареа не се носи по 3 дена и лекови не се гуглаат на интернет“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело