Македонци истрчаа 450km од Инсбрук до Љубљана на тимска трка: „На влез во Словенија нè исплашија волци, завршивме за 34 часа“
Се трча екипно, па се договоривме да трчаме по 2km секој, и потоа да се менуваме со трчач од истото комбе за да поминеме поединечно по 10km или вкупно 40km од комбе.
По тие 40km, се правеше замена со другото комбе, односно тие продолжуваат да ги трчаат своите 40km (4х10km), за оние од првото комбе да одат на заслужен одмор, јадење, истегнување, масажа, пресоблекување.


Имавме и анегдоти од авантурата. Во едно од комбињата, додека се пресоблекувавме, еден од трчачите поспан си ги собрал сите маици во својот ранец, па останатите беа принудени да трчаат по кратки ракави во текот на ноќта.
Кога се раздени, а тој се расони, ни ги извади сите маици од неговиот ранец, и уште некое парче опрема - баш беше како во цртаниот Спорт Били.


При ноќните трчања на влезот во Словенија ни се расипаа ламбите за на глава и на велосипедот, па моравме да ги промениме.
Само што ги променивме и продолживме со трчање, наеднаш почнаа да вијат волци од двете страни на планината, проследено со лаење на кучиња.
Никаде немаше никакво светло и стравот беше многу голем, а срцата во петица.
Е тука го забрзавме ритамот малку повеќе, демек ќе им побегнеме на животните. За среќа сè беше во ред.

На финишот, кој беше во паркот Тиволи во Љубљана, дојдовме некаде околу 9 часот во недела изутрина, што е далеку од предвиденото време што си го поставивме пред почетокот на трката, во конкуренција со другите.
Иако тоа не ни беше важно, сепак императивот поставен претходно - да се заврши трката во даденото време беше пробиен и остварен.
Според другите учесници имавме најспектакуларен заеднички финиш на целта.


Во Љубљана се сместивме заедно со другите учесници во локалните хостели, а забавата продолжи во еден ноќен клуб резервиран само за нас.
Во екипите имавме трчачи кои се диџеи, па направија одлична забава до утринските часови.


На истата забава беше одредена делницата за следната година, а тоа е од Љубљана до Задар.
Ние веќе планираме да учествуваме и следната година, и да лобираме во некоја од наредните етапи финишот биде токму тука кај нас во Скопје, Македонија“.


©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело