Владимир Дончевски: „Жена ми се породи додека јас лежев на смртна постела на Карил и бев во кома 21 ден“
Инаку, заради фудбалот, тргнувајќи на партија со другарите, излегов на автопат со велосипед за да го преминам автопатот и ме удри автомобил со голема брзина, па како последица на тоа бев 21 ден во кома.
Од оваа перспектива знам колку погрешен беше мојот потег, но му благодарам на Бог што ме спаси.
Потоа, следуваше 1 - 2 години период на закрепнување.

Пред несреќата неколку месеци и после несреќата имам дупка во помнењето - не се сеќавам на ништо, само знам дека пред да појдам на фудбал, излегла сопругата на тераса, сум ја бакнал во стомак и сум рекол породи се, па да се комирам од пиење и навистина се комирав - ама не од пиење.
Додека сум бил во кома не сум правел ништо посебно - права билка, повремено помрднување со прст и тоа е тоа.

Додека бев во таа состојба отидов на порта кај Дедо Боже, му тропнав ми отвори и ми вика: „Влатче, враќај се дома, ќерка ти се роди, имаш голема одговорност пред себе“.

Реално, кога се разбудив, не знаев каде се наоѓам и халуцинирав како последица на операцијата на мозокот.
Тоа беа многу тешки моменти за мене и моите најблиски ама сите заедно успеавме да ја достигнеме целта - Влатче се исправи на нозе, повторно вози велосипед, пешачи и игра мал фудбал.

Кога се разбудив од кома и дознав дека сум татко, односно дека сопругата се породила неколку дена откако сум паднал во кома, ме облеаа емоции и тоа беа навистина измешани чувства со оглед на целата случка.
Телесно и психички беше многу тешко, меѓутоа благодарение на мојата балдза доктор Ана Кочоска, јас секогаш имав стручно лице блиску до мене.
Физикална терапија имав во термални води, а негативни последици немам, фала на Бога.

