Владимир Дончевски: „Жена ми се породи додека јас лежев на смртна постела на Карил и бев во кома 21 ден“
По будењето, најтешко беше да се движам сам, бидејќи ми беше изместен центарот за рамнотежа, а успеав за година дена да се вратам на играње фудбал и возење велосипед.
Најголем мотив беше тоа џуџенце во лулка што спиеше до мене откако се вратив од болница – мојата ќерка.
Љубовта и присуството на најблиските е безусловно, без нив немаше да бидам ова што сум денес.

Траумата беше преголема за сите, а највеќе за мојата мајка која, за жал, веќе не е меѓу нас.
Сите веруваа дека ќе закрепнам затоа што бев спортска душа, имам јак спортски дух и ментална сила и не се предавам лесно.

Мене перцепцијата на животот ми се смени и после оваа несакана случка, не дека чувствувам туку знам дека живеам втор живот и никогаш нема да престанам да уживам во спортот, возењето велосипед, планинарењето и играњето мал фудбал.

Голема благодарност до мојот спасител – човекот кој ми го подари овој втор живот, доктор Роберт Шунковски.
За мене, тој е најдобриот хирург во Македонија.

А за крај, би сакал да споделам една анегдота...
По завршување на сложената операција, откако излегол од операционата сала, доктор Роберт, пред сите што чекале пред вратата, со мирен и сигурен тон изјавил:
„Дечково повторно ќе игра фудбал“.
Неговата изјава била полна со надеж и се покажа како вистинита.

Срдечен поздрав до најдобриот доктор – Роберт Шунковски.
И не заборавајте никогаш: Господ е голем – слава му!“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
