Александра од Скопје 5-ти пат беше на Вимблдон: „Билетите се 300£, со сопругот нè има во видеото што го објави кралското семејство“
- Детали
- понеделник, 14 јули 2025
„Кралското семејство седеше на трибината спроти нас, но ги видов и претходно, кога одеа кон ложата. Интересно е што јас и сопругот се најдовме во еден кадар во видеото од официјалната објава на принцот и принцезата од Велс, а кое беше споделено на социјалните мрежи“, вели за CRNOBELO.com Александра, која присуствуваше на машкото финале на Вимблдон.

Александра Георгиевска Рорт, која е родена во Скопје, преку 25 години живее во Лондон, со сопругот и дете ќерки.
Таа е голем вљубеник во тенисот - почнала да тренира како дете, а и денес игра рекреативно, во тенискиот клуб Chesham Bois.


Александра, заедно со сопругот, вчера (13.07) беше на машкото финале на Вимблдон, каде играа Јаник Синер и Карлос Алкараз.
Ова беше нејзина петта посета на машкото финале на овој Гренд слем, а за нејзиното искуство од 2025-та, Александра раскажа за CRNOBELO.com:
„Ова беше петта година по ред како присуствувам на машкото финале на Вимблдон.
Претходно го посетив и АТП турнирот во Квинс.


Новак ми беше фаворит, како и секогаш, па бев разочаранa што испадна во полуфиналето.
Сепак, многу сум задоволнa што повторно имав можност да го посетам машкото финале на Вимблдон.


Атмосферата беше навистина убава и пријателска, како и секогаш.
Организацијата на Вимблдон е секогаш врвна и никогаш немам лошо искуство тука.
Тоа е место каде се собираат луѓе од сите сфери на животот, а сите заедно поради љубовта кон тенисот.

