Александра од Скопје 5-ти пат беше на Вимблдон: „Билетите се 300£, со сопругот нè има во видеото што го објави кралското семејство“
Имав можност да го видам Алкараз одблизу, кратко по неговиот тренинг пред финалето.
Тој одвои време за младaта публика, за да им подели автограми, што беше убаво да се види.


Иако кралското семејство седеше на трибината карши нас, успеав да ги видам и претходно, кога се упатуваа кон својата ложа.
Интересно е тоа што јас и сопругот се најдовме во еден кадар во видеото коешто беше дел од официјалната објава на принцот и принцезата од Велс, а кое беше споделено на социјалните мрежи.


Имаше и многу познати личности на финалето, некои во кралската ложа, други во публика, помеѓу останатите гледачи.
Меѓу нив успеавме да ги забележиме тениските легенди Андре Агаси и Штефан Едберг во кралската ложа, покрај Метју Меконахи, Никол Кидман, Орландо Блум, Ана Винтур, Кира Најтли, Сиена Милер и Сил како седат со тимот на Синер!


Билетите ми беа купени уште во февруари годинава преку ждрепка, а како член на клубот LTA. Тие чинеа околу 300 фунти по билет“.


Погледнете го видеото:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело