Филип Ѓурков од Штип - маж со урбан стил, кој страста за мода ја наследил од дедо му и татко му
Дубаи за мене е градот на иднината. Ништо од тоа што сум го видел претходно не може да се спореди со она што го доживеав таму.
Високи облакодери како Бурџ Халифа, трговски центри што изгледаат како мали градови, модерна инфраструктура што буквално те остава без збор.
Секој ден беше ново искуство - од пустински сафари, преку луксузни хотели, до моменти што изгледаа нереално.
Ме воодушеви нивната визија како од ништо создале нешто толку спектакуларно.
Но, во исто време, морам да признаам дека таму постојат строги закони и културни норми, па беше важно да бидам внимателен, информиран и да покажувам почит кон локалните правила.
Тоа не ја намали мојата фасцинација, напротив, токму таа мешавина од традиција и екстремен модернизам го прави Дубаи навистина единствен.


Каде и да патувам, за мене е важно да се вклопам во местото, не само физички, туку и културно.
Секогаш се трудам да го прилагодам мојот стил на облекување и енергија според духот на дестинацијата.
Верувам дека токму тоа ми помага подобро да ја разберам средината, да се чувствувам поврзано и да извлечам максимум од секое патување.


Во однос на дневните ритуали, бидејќи работам до доцна навечер, не станувам многу рано.
Денот ми започнува со чаша вода со лимон, кратко истегање или јога, туширање, кафе и протеински појадок.
Уште од сабајле планирам два аутфита - бидејќи работам двократно и ми се потребни различни комбинации.
По првата смена, секогаш следува физичка активност: дали е тоа теретана, бокс или пливање (летно време), зависно од денот и енергијата.
Тоа ми помага да се одржам во форма и да сум ментално присутен.
Потоа следува ручек со фамилијата или пријатели, краток одмор, и повторно спремање за вечерната смена.
Иако денот ми е динамичен, овие мали ритуали ми даваат стабилност и фокус.


Мото што ме води во животот? Имам неколку:
Кога елеганцијата носи самодоверба, не треба објаснување;
Секој детаљ зборува за оној што гледа со стил;
Совршенството не е гласно - го носи само оној што го разбира
и последното Секој чекор со стил е порака без зборови“.


©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
