Елизабета Ристовска: „На градата си открив вдлабнатинка со грутче, помислив рак - што ќе прави ќерка ми (9) без мене?“

Какво е чувството кога одново ќе се соочиш со оваа дијагноза? Дали е потешко или си делумно психички подготвен?

Кога повторно ќе се соочиш со дијагнозата тоа е како ладен туш во срцето.

Првиот пат си шокиран. Вториот пат си бесен, тажен, но и свесен.

Малку си поподготвен. Не затоа што е полесно, туку затоа што знаеш што те чека. Знаеш како изгледа борбата и знаеш дека ја преживеа еднаш. А тоа веќе те прави ѕвер.

Психички си појак, подготвен за втора рунда во рингот и длабоко во себе веруваш дека одиш на победа.

elizabeta-ristovska-na-gradata-si-otkriv-vdlabnatinka-so-grutche-pomisliv-rak-shto-kje-pravi-kjerka-mi-9-bez-mene-02.jpg

Зошто медицинските лица од онкологија се луѓе со срце планина?

На онкологија не лекуваат само тела – лекуваат и души.

Со еден допир, со еден збор, со трпение и разбирање, тие ни ја враќаа волјата кога ја губевме. Ни ја држат раката кога светот ни се руши.

Низ тие болнички ходници покрај мојата фамилија, мојата сестра, мајка ми, ќерка ми, брат ми и сите блиски роднини и пријатели, запознав и второ семејство.

Запознав сестри по дијагноза и си станавме поддршка една на друга.

Кога една ќе падне психички, тука се најмалку 10 други да ја кренат и да ја вратат на патот на вербата и упорноста.

elizabeta-ristovska-na-gradata-si-otkriv-vdlabnatinka-so-grutche-pomisliv-rak-shto-kje-pravi-kjerka-mi-9-bez-mene-03.jpg

Што ти падна најтешко во текот на целиот процес?

Не беше само физичката болка. Таа си доаѓа и си оди.

Најтешко беше да ја гледам загриженоста во очите на моите блиски. Да се преправам дека сум „добро“ само за тие да не се скршат.

И моментите кога сама си ја слушаш тишината – тие се најгласни.

Најдобриот совет што ти го дадоа за процесот на лекувањето е?

„Не мораш да бидеш херој секој ден. Доволно е што стануваш и не се предаваш“.

Тоа ме научи дека не треба да глумам сила кога душата ми се распаѓа. Дека и солзите се дел од борбата.

И дека нема „правилен“ начин да се преживее нешто вака големо – само свој начин.

elizabeta-ristovska-na-gradata-si-otkriv-vdlabnatinka-so-grutche-pomisliv-rak-shto-kje-pravi-kjerka-mi-9-bez-mene-11.jpg

Сметаш ли дека болеста те направи посилна?

Да. Но, не на начин како што луѓето мислат.

Не станав неуништлива. Туку научив да ја ценам секоја ситница. Да го почитувам телото, па и кога ме изневерува.

Да не ја трошам енергијата на глупости.

Стана јасно кој е со мене од љубов, а кој од навика. Ме научи да му ја доверам секоја мака на Бога, а тој ќе најде исцелување.

elizabeta-ristovska-na-gradata-si-otkriv-vdlabnatinka-so-grutche-pomisliv-rak-shto-kje-pravi-kjerka-mi-9-bez-mene-06.jpg

Што промени во начинот на живот?

Дел од исхраната и престанав да пушам цигари. Го засакав животот, живеам со полни гради.

Се смеам почесто, и на глас.

Пуштам токсични луѓе да си одат без објаснување. Не чекам „совршен момент“ – ако сакам нешто, правам.

И најважно – научив да не се заборавам себеси, додека се грижам за сите други.

Порака до сите што во моментот минуваат низ истото…

Секој здив е победа. Секој ден – храброст.

И да, плачењето е дел од борбата. Немој да се срамиш од тоа.

Ти не си твојата дијагноза. Ти си лавина од сила, тивка молитва и искра што не згаснува.

Продолжи. Уште денес. Па, утре… и така секој нов ден.

elizabeta-ristovska-na-gradata-si-otkriv-vdlabnatinka-so-grutche-pomisliv-rak-shto-kje-pravi-kjerka-mi-9-bez-mene-07.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Емилија Мицевска за CRNOBELO: „На ‘Глумците пеат’ настапив 6-ти месец бремена - едвај стоев на штикл... „Настапуваш со уште едно мало срце кое чука со тебе - беше магично! Искрено, има...
Рената (36) од Гостивар за борбата со ракот: „Доејќи го моето бебе опипав грутче на градата, мислев ... „На само 33 години и 10 месеци, кога моето второ бебе беше уште во пелени, ми бе...
Aнгела Дончева: „На 22 години ми дијагностицираа леукемија, имав трансплантација во Германија, раскр...  „Зборот леукемија ме преплаши, почнав да читам сè за тоа. Но, мајка ми еде...
Наташа од Струмица за ракот на дојка: „Децата (12 и 5) ме проверуваа дали дишам - тоа ми беше потешк... „Во септември 2020-та самоиницијативно направив ехо на дојка и ми рекоа дека сè ...
Чарна Невзати по изборот за Мис: „Темпото беше напорно, секогаш требаше да сме насмеани и со шминка,... „Имаше моменти на тензии покрај 108 девојки, умор, притисок - очекувано е. Имаше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg