Емилија Мицевска за CRNOBELO: „На ‘Глумците пеат’ настапив 6-ти месец бремена - едвај стоев на штиклите, но вредеше“
- Детали
- четврток, 26 март 2026
„Настапуваш со уште едно мало срце кое чука со тебе - беше магично! Искрено, имаше моменти на страв и дилема – дали ќе имам доволно енергија, дали ќе издржам физички, за некој ден влегувам во 7-ми месец...“, споделува Емилија Мицевска за CRNOBELO.com и открива детали за бременоста и партнерот.

На 24-ти и на 25-ти март во Македонскиот народен театар се случуваше експлозија од емоции, а причината беше 34-тото издание на манифестацијата „Глумците пеат“, која доживеа две изведби, поради преголем интерес од страна на публиката.
Меѓу настапите највпечатлив беше оној на актерката Емилија Мицевска, која покрај со совршената вокална изведба, измами аплаузи и пријатни емоции со тоа што настапи во 6-иот месец од бременоста, со креација која го покажа нејзиниот труднички стомак.

Емилија за CRNOBEELO.com проговори какво било чувството при изведбата:
„Настапот на „Глумците пеат“ за мене беше едно посебно, емотивно и многу лично искуство, особено затоа што се случи во период кога сум бремена.

Да се биде на сцена во тој месец од бременоста носи една сосема нова димензија – не си сам, туку настапуваш со уште едно мало срце кое чука со тебе.

Искрено, имаше моменти на страв и дилема – дали ќе имам доволно енергија, дали ќе издржам физички, дали сè ќе помине како што треба.
За некој ден влегувам во 7-ми месец. Колку и да се уморувам, имаше во мене некоја неизмерлива сила.

Но, истовремено, чувството беше неверојатно убаво и исполнувачко.

Адреналинот, публиката, сцената – сето тоа ми даде сила повеќе отколку што очекував. Наместо да ми биде товар, бременоста ми донесе некоја нова нежност и искреност во изразот.
Не беше лесно, но беше вредно.
Не се стои ни на штикли, не се ни дише лесно, сепак тежам, ама затоа па имаш инспирација и маратон да истрчаш.

Имаше замор, имаше моменти кога телото бараше пауза, но срцето беше полно.
И можеби токму затоа настапот ми беше еден од најискрените досега.

Колегите беа прекрасни сите до еден во однос на мојата состојба, баш ме чуваа позади сцена. Па, дури и пред настап и отпосле.
Но, колку и да ме пазеа, не ме сочуваа од судирање со стомакот со Горан Ников на разминување.


