Љубовната приказна на Иван Јованов и Ивана: „Со неа од почеток имав чувство дека конечно го сретнав својот човек“
- Детали
- понеделник, 01 септември 2025
„Сама ми кажа дека првично мислела дека сум арогантен и навикнат на внимание и флерт. Но кога почнавме да разговараме, сфати дека сум само човек со желба за искрена љубов. Веројатно тоа што не се однесував „по шаблон“ ја изненади и ѝ го сруши тој ѕид“ - вели Иван Јованов за почетоците на љубовта со сопругата Ивана.

Иван Јованов, фронтменот на „Либеро бенд“, веќе неколку години е среќен покрај сопругата Ивана, со која ја има ќеркичката Ниа.
Иако Иван е 10 години постар од Ивана, вели дека токму таа разлика во години им создава совршен баланс, па се надополнуваат еден со друг.
А раѓањето на ќерката, само им ја зацврсти љубовта.

За почетоците на љубовта, кој е поромантичен, имала ли Ивана предрасуди поради неговата популарност, но и за свадбата која ја планираат за лето 2026, Иван ни раскажа во интервјуто:
Како се запознавте со Ивана? Колку години сте разлика? Кој го направи првиот чекор?
Со Ивана се запознавме сосема случајно, а всушност, денес верувам дека ништо не е случајно. Бевме на ист настан, двајцата повикани од различни страни, но кога погледите ни се сретнаа, сè останато стана неважно.
Ние сме 10 години разлика, што за некого можеби би звучело многу, но за нас апсолутно не претставува никаква пречка.
Напротив, таа разлика ни донесе одлична рамнотежа: различни перспективи, но исти вредности.
Првиот чекор, искрено, мислам дека беше од двете страни.
Јас ѝ се насмевнав, таа ми возврати, и тука веќе некако знаевме дека ќе продолжи.
Почетоците ни беа полни со долго разговарање, споделување и едно чувство дека конечно си го сретнал својот човек.

Со што те освои таа?
Со нејзината природност. Без маски, без глума, едноставно своја.
Убава, но не само надворешно, туку со таа топлина и разбирање што ретко се среќава.
Не се обидуваше да биде некоја друга, и тоа беше најосвежувачкиот дел.

А ти неа? Дали Ивана имаше некакви предрасуди пред да те запознае вистински, бидејќи си јавна личност и девојки постојано ти приоѓаат?
Да, апсолутно. Таа самата ми кажа дека првично мислела дека сум арогантен, и дека веројатно сум навикнат на внимание и флерт.
Но откако почнавме да разговараме, брзо сфати дека сум само човек, со свои стравови, вредности и желба за искрена љубов.
Веројатно тоа што не се однесував „по шаблон“ ја изненади и ѝ го сруши тој ѕид.
