Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпетици и блеска - идол ми е“
- Детали
- четврток, 25 септември 2025
„Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато до најдобар key user во Македонија и SAP специјалист, во тоа време прва на Балканот. Жена ѕвер, се сеќавам како мала кога и да излезеше од дома, ја пратеше трага од парфем, секогаш беше скоцкана од глава до пети, со кармин и лак за нокти во тон“, вели Ивана Кнез за својата мајка и идол.

Ивана Кнез е наша модна дизајнерка, но и жена со став... Секогаш искрено ги споделува своите мислења на многу теми, а и кога станува збор за менталното здравје и низа други значајни теми, говори јавно.
И таа е ваква силна жена, меѓудругото затоа што е одгледана од силна мајка.
Нејзината мајка Јуле живее на село, работи во својата градина облечена во гумени чизми, а потоа без проблем облекува високи потпетици и блеснува на некој културен настан.
Таа има впечатлив моден стил, а спомените на Ивана од детството ѝ се како трагите од парфем по мајка ѝ останувале каде и да се појави.
Ивана за CRNOBELO.com за својата мајка и идол вели:
„Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато до најдобар key user во Македонија и SAP специјалист, во тоа време прва на Балканот.

Жена ѕвер, се сеќавам како мала кога и да излезеше од дома, ја пратеше трага од парфем. Без разлика каде беше тргната, секогаш беше скоцкана од глава до пети, со кармин и лак за нокти во тон.

Дома си е дома, но надвор од дома, таа секогаш беше пример за една дама.
И сè уште е, иако живее на село, во секоја пригода која ја има ги трга гумените чизми на страна, облекува потпетици, се скоцкува од глава до пети и освојува насмевки.

За мене таа е идол, не потклекна никогаш ниту на годините, ниту на состојбите, се износи со секоја животна ситуација како херој, и се приспособи на секој животен предизвик.
