Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпетици и блеска - идол ми е“

Иако е од едно друго време, комплетно современо го доживува светот, знае да сослуша, има трпение за сите мои фикс идеи и сензации низ годиниве (а за волја на вистината и имам приредено доста) и сака да е присутна.

Сама е, одбра да е сама и е сосема среќна и реализирана во таа нејзина самотија, наоѓа начин како да си го пополни времето, постојано е ангажирана и среќна е, за мене тоа е најважно.

Од прв ден, а мислам и до последен здив е и ќе биде моја поддршка за сè што правам, да ја цитирам: ,Јас сум од твоја, што и да одлучиш тука сум покрај тебе'.
Што е поважно на светот од тоа?“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
