Љубовната приказна на Јасмина од Струга и Никола од Охрид: „Ме запроси за време на лет над Босфор, на свадбата имав 3 венчаници“
Третиот свадбен фустан, пак, беше мал мини фустан со голем цвет како детаљ, од нашата дизајнерка Моника Коцарева, кој е наш, а светски бренд и која ја сметам за една од најдобрите наши дизајнерки, кои знаат точно да проценат што ти треба и секогаш сум задоволна од нејзиниот пристап, соработка, но исто ми се допаѓа и таа самата како личност, како и стилот што го има и негува.

Бидејќи често патуваме, немавме класичен меден месец, туку кога и да сме во можност, одиме некаде.

Сепак, од сите патувања ќе го издвојам како незаборавно патувањето во Бразил, во Сао Паоло и Рио де Жанеиро.

Тоа се случи во февруари и баш беше одмор од соништата, полн со авантури и непроценливи спомени од најпознатите плажи Копакабана, Ипанема итн.

Беше комбинација на самба, фудбал, возбудлив ноќен живот, прекрасни пејзажи, изгрејсонца, незаборавен лет со хеликоптер над Рио де Жанеиро и над планината Корковадо со статуата на Исус, посета на фавела и искусување на нивниот живот во фавелите.
Тешко е да се долови тоа искуство со зборови.


Во иднина, здравје боже планираме да си додадеме и нов член во нашето семејство“.




©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
