Ана Трпчевска (35) е извидник веќе 26 години: „Почнав како дете, преку извидници пронајдов и љубов“
Какви активности имаат и слично?
Мојот извиднички одред, активностите со децата ги одржува за викенд, најчесто сабота. Тоа се активности кои може да траат од 3 до 8 часа.
Активностите варираат од возраста, но се трудиме додека ни дозволуваат временските услови тие да бидат на отворено. Тука мислам на локации како паркови, планини, излетнички места и сл.

Активностите вклучуваат учење на вештини за снаоѓање во природа, ориентација, прва помош и заштита, врзување јазли, готвење, грижа за природата, еколошки и хуманитарни акции. Неколкупати во годината имаме и тридневни натпревари за ориентација во природа, кампувања, зимувања, летни кампови и сл.

Никогаш не е доцна да се стане извидник!
Во 2021 година мојот одред доби на користење просторија – барака од општина Аеродром на која и беше потребно реновирање. Тогашниот старешина на одредот, го повика својот другар Александар (33) да ни помогне во реновирањето, волонтерски.
Со текот на времето тој продолжи да ги посетува активностите и да придонесува како активен член на одредот. И во тој период се роди и љубов помеѓу мене и него и денес и двајцата сме сè уште активни членови на одредот, но и сопружници.

Есента е одличен период да се започне со извидници, сега се формираат новите групи, ако сте заинтересирани вие или вашето дете да станете извидници може да нè контактирате на Фејсбук или Инстаграм.



©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело