Љубовната приказна на Елена од Куманово и Кристијан од Скопје: „По еден месец врска решивме да се преселиме во странство“
За само половина година од нашето запознавање се преселивме во Франкфурт и почнавме да го градиме нашиот заеднички живот.
Во меѓувреме, учевме еден за друг, патувавме и уживавме во најубавите облици на љубовта.

После две и пол години поминати заедно, Кристијан сфатил дека е време нашата врска да прерасне на повисоко ниво и почнал да крои планови.

Многу труд вложил околу вереничкиот прстен, цел месец однапред договарал и точно знаел каков сака да биде до детаљ.
Прстенот е изработен специјално по нарачка со син сафир и дијаманти.


Не знам од што бев повеќе воодушевена дали од неговиот труд и замисла или од убавината на самиот прстен.
Па, така на 20-ти март 2024 година реши да ме запроси.

Тогаш бевме на патување во Венеција – традиција што ја негуваме секоја година е за нашите родендени да одиме на патување, а мојот роденден беше ден претходно.

Не ни претпоставував дека токму таму ќе бидам запросена, изненадувањето беше огромно, а радоста неизмерна.
Венеција – градот на љубовта, како што многумина ја нарекуваат, јас би додала и на романтиката.

