Љубовната приказна на Елена од Куманово и Кристијан од Скопје: „По еден месец врска решивме да се преселиме во странство“
Веднаш по тој магичен момент почнавме со планирањето на нашата венчавка.
Одлучивме да биде на 5 септември 2025 година – датум што има посебно значење за нас, бидејќи тоа беше денот кога првпат се запознавме.

Нашата свадба сакавме да биде класична македонска, и двајцата не сме многу љубители на модерните свадби.
Свадбата ја направивме во Скопје со нашите најблиски роднини и пријатели.

И двајцата бевме среќни и уживавме во најубавите момент, немавме трема во ниту еден миг, па се запрашав дали тоа е нормално ама кога си сигурен во изборот на партнерот и тоа како е нормално.

Не бевме оптоварени со организацијата, бевме опуштени и уживавме максимално во денот.

Нашата љубовна приказна започна сосема спонтано пред четири години, но денес е најубавата бајка и авантура што ја живееме заедно“.



©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
