Успешни Македонци низ светот: Ален има 4 ресторани во Малта со семејството – прават домашни колачи и бургери
Водењето бизнис во друга држава и тоа со различни локации е навистина голем предизвик. Често значи долги работни денови, постојано присуство на терен и голема одговорност за секој детаљ – од набавки, организација на тимот, па сè до услугата на клиентите.
Најголем предизвик е да го одржиме истиот висок стандард и во слаткото и во соленото мени, бидејќи секој сегмент бара посебна грижа.
Сепак, задоволството што го чувствуваме кога ќе видиме насмеани клиенти е најголема награда за сета вложена работа.

Семејството и понатаму останува основата на бизнисот. Секако, денес веќе имаме поголем тим на вработени кои се грижат за подготовка, услуга и логистика.
Јас лично сум задолжен за креативниот дел – развој на производите и стратегијата за брендот – но секојдневно сум присутен и во оперативната работа.
Веруваме дека семејната посветеност е таа што му дава душа на Mamma’s Sugar.

Туристите најмногу се воодушевуваат од нашите десерти, бидејќи нудат нешто уникатно и различно, додека локалците често се враќаат и поради богатите бранч и бургер менија.
Кај слатките најпопуларни се тортите и занаетчиските колачи со оригинални вкусови, а кај солените – бургерите и свежите комбинации за бранч.
Она што најмногу нè радува е што и едните и другите – и локалците и туристите – повторно се враќаат кај нас, бидејќи ја препознаваат искрената посветеност и квалитетот.

Што се однесува до проширување на бизнисот, во 2026 година планираме експанзија низ Европа и со голема надеж очекуваме Mamma’s Sugar да пристигне и во Македонија.
Исто така, отвораме можности за франшиза – така што, доколку некој е заинтересиран, слободно може да нè контактира.
Отворени сме за соработка со луѓе кои ја делат нашата страст кон квалитет, автентичност и вкусна традиција.

Повеќе фотографии:









©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
М. М. | Црнобело