„Детето од рекламите“ е 9-годишно момче од Скопје кое стана вирална ѕвезда - Кој е Нине?

На пример додека снимавме за една локална мобилара, а тој имаше улога на крадец – „провалувањето“ со нога беше комплетно негова режија, како и неколку други „акробации“ коишто често ги прави на своја рака па мораме да преснимуваме.

Меѓутоа го оставаме да се изрази максимално „со свои зборови“ и напишаната содржина понекогаш ни трпи измени благодарение на неговата креативност и сè тоа така природно изгледа и можеби тоа е она што самата публика го сака и затоа и го гледа.

Другарчињата во маало и училиште навикнаа да го гледаат на екраните на своите телефони.

На почетокот му беше малку невообичаено што луѓето го препознаваат, поздравуваат и бараат да се фотографираат со него во маркети, на улица или трговски центри … Но, за краток период сфати дека содржините што ги правиме допираат до многу луѓе и скромно и зрело ја прифати таа „популарност“ што социјалните медиуми ја носат.

Многу е присебен и скромен и воопшто не се прави „важен“, туку секојдневието му тече во нормален распоред.

На страна од камерите Никола е едно обично деветгодишно момче коешто го пролонгира пишувањето домашни задачи, а сака игри и другарување“.

Кликнете на дел од забавните видеа на Нине:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
