Марко Петров (11) е талентиран тапанар: „Свирам неколку ударни инструменти, почнав од 3-годишна возраст“
Дали имаш свирено за песна или албум на познат музичар? А, дали можеби имаш свое авторско дело или планираш нешто такво во иднина?
Сè уште не сум имал можност да свирам некоја песна за албум на познат музичар, но се надевам на таква соработка.
А, имам на ум неколку свои композиции кои сакам да ги доработам и да ги издадам.
Какви песни најмногу сакаш да свириш? Која е најтешката што си ја научил, а која ти е омилената?
Најмногу сакам да слушам и свирам џез музика, но и да импровизирам.
Најголем предизвик ми беше да ја научам песната „Levitation 21“ од Тигран Хамасјан, а една од омилените песни за свирење ми е „Kashmir“ на Led Zeppelin.
Има ли многу твои врсници кои свират ударни инструменти? Колкав е интересот за музика воопшто?
Нема многу мои врсници кои свират на удирачки инструменти, но интересот за музика кај децата е прилично голем.
Некои се заинтересирани за пијано, некои за гитара, дувачки инструменти и пеење.
Дали во иднина се гледаш како музичар или имаш и други планови?
Кога бев помал покажав особена страст за палеонтологијата, дури и бев дел од едно ископување во Долни Дисан, Неготинско.
Ме интересираат природните науки и јазиците и сум учествувал на повеќе натпревари каде сум освојувал први места.
Но, мојата најголема желба и љубов се кон музиката.
Дали знаеш да свириш и друг инструмент или сакаш да научиш во иднина?
Не знам да свирам на друг инструмент, но имам желба да научам да свирам на пијано.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Софија Спирова | Црнобело