Љубовната приказна на Ивана и Димитар: Oд средношколска љубов до градење живот во Германија
Најважното нешто што го применуваме е што сме целосно свои, се менуваме и растеме сигурни дека сме покрај човек кој ќе нè сака низ сите наши фази.

Оваа година, за мојот роденден, отпатувавме на француската ривиера, каде што Димитар ме запроси на најубавиот поглед од Ез (Èze). Комуната Ез, сместена на високите карпи на Азурниот Брег, е уникатна комбинација на природна убавина и историска архитектура.
Ова прекрасно место, кое доминира со тиркизните води на Средоземното Море, се наоѓа помеѓу Ница и Монако и нуди спектакуларен и воодушевувачки поглед кон ривиерата.

Самото запросување се случи во егзотичните градини на Ез – магично место полно со ретки растенија, скулптури и патеки што водат до неверојатни панорамски видици. Во таа магична атмосфера, опкружени со природа и историја, го започнавме нашето ново поглавје.
Камените улички и романтичната атмосфера на Ез беа совршена позадина за еден од најубавите моменти во нашиот живот.

На 8 ноември 2025 година, ја официјализиравме нашата љубов во Општина Битола, опкружени со најблиските. Среќни сме што чекавме на вистинскиот момент и што заедно ја градиме нашата приказна, чекор по чекор, секогаш со љубов, доверба и искреност.

Сега возбудени и со нетрпение ја очекуваме нашата свадбена прослава, која ќе се одржи следната година, кога ќе го прославиме нашето „засекогаш“ со сите што ги сакаме“.



