Свежина и харизма во етерот: Пет млади водителки му даваат нов дух на Урбан ФМ

Радиото „Урбан ФМ“ кое веќе неколку години зрачи македонска музика во етерот, неодамна ја смени програмската шема, па од понеделник до петок слушателите може да уживаат во емисијата „Урбан Бла Бла“, која се емитува од 12 до 14 часот.

svezhina-i-harizma-vo-eterot-pet-mladi-voditelki-mu-davaat-nov-duh-na-urban-fm-01.jpg

Но, интересно е што емисијата има целосно женска водителска постава - пет млади водителки, по една за секој работен ден.

Тоа се Теа Трајковска - пејачка, Дона Неделковска - инфлуенсерка, Ана Јаневска - книжевен критичар и љубител на литературата, Лара Иванова - пејачка и Ивона Трајановска - претприемачка, основач и претседател на здружение за млади претприемачи.

Тие се менуваат во улогите на водителка и ко-водителка, создавајќи динамична, шарена и секогаш свежа енергија во етерот.

svezhina-i-harizma-vo-eterot-pet-mladi-voditelki-mu-davaat-nov-duh-na-urban-fm-02.jpg

И секоја од нив сподели нешто интересно врзано за радиото и работата во Урбан ФМ:

Теа Трајковска

Радиото и музиката имаат нешто заедничко – двете бараат чувство за ритам. Како го пренесуваш тој „музички ритам“ во своето водење на радио?

„Тактирам со нога додека водам, ха, ха. Се шегувам, ама мислам дека правам добар баланс помеѓу двете работи. Тој „музички ритам“ го носам инстинктивно, го следам моментот, енергијата на темата и чувството на слушателот од другата страна“.

Кога би можела да пуштиш само една песна што ја опишува твојата емисија, која би била и зошто токму таа?

„Па, имам моја песна од првиот албум насловена „Бла, бла, бла“ , а зошто токму таа мислам дека е очигледно (хинт УРБАН БЛА БЛА)“.

svezhina-i-harizma-vo-eterot-pet-mladi-voditelki-mu-davaat-nov-duh-na-urban-fm-06.jpg

Дона Неделковска

Ако радиото беше бренд, кои три зборови би биле неговиот слоган?

„Секогаш кога сум во студио велам дека ми е happy place, поради целата позитивна енергија на тимот, како тие пред камера, така и оние зад неа. Сите заедно некако кликнавме многу убаво. Затоа кога би требала да одберам само неколку зборови за слоган тоа би биле: среќа, компатибилност и позитивна енергија“.

Социјалните мрежи често бараат совршенство. Радиото - искреност. Што повеќе те ослободува? 

„Искреноста ослободува најмногу од сѐ. Иако на радио сме подиректни и потранспарентни, сепак гледам и на социјалните мрежи да си ја задржам автентичноста, онолку колку што можам, односно онолку колку што дозволуваат условите. Сметам дека тоа секако се препознава, особено сега, кога сме и на социјалните мрежи и пред камера. Сепак јас сум истата личност и мислам дека тоа се приметува“.

svezhina-i-harizma-vo-eterot-pet-mladi-voditelki-mu-davaat-nov-duh-na-urban-fm-05.jpg

Ана Јаневска

Ако радиото беше книга, кој наслов би ѝ го дала?

„Урбана музичка магија“.

Можеш ли да замислиш дека преку Урбан ФМ можеш да „направиш“ генерација што ќе почне повторно да чита - само затоа што слуша?

„Секако дека да, тоа е и мојата цел. Сметам дека мојот глас во етерот и мојата љубов кон книгите ќе ги мотивира луѓето, особено младите да почнат да читаат книги. А се разбира, јас сум тука со одлични препораки“.

svezhina-i-harizma-vo-eterot-pet-mladi-voditelki-mu-davaat-nov-duh-na-urban-fm-07.jpg

Лара Иванова

Музиката е емоција, радиото е разговор. Каде полесно ја откриваш вистинската себе – кога пееш или кога зборуваш?

„Мислам дека вистинската Лара е комбинација од двете. Кога пеам – тоа сум јас: најискрена, без филтер, преку звук и енергија. Тоа е мојот јазик. Но, радиото ми дава слобода да бидам спонтана, реална, да споделам своја приказна, да сум искрена и разговорлива. Дефинитивно и двете ме прават цела“.

Како пејачка, твојата музика има ритам. Каков ритам има твојот ден на Урбан ФМ?

„На Урбан ФМ денот ми тече во уникатен ритам - мешавина од брз пулс, позитивна хаотичност и многу добра вибрација. Тука секој ден е различна приказна и нови моменти, ритам што ме држи фокусирана, но и инспирирана - тоа е местото каде секој ден има своја мелодија“.

svezhina-i-harizma-vo-eterot-pet-mladi-voditelki-mu-davaat-nov-duh-na-urban-fm-04.jpg

Ивона Трајановска

Твојата мисија со Phoenix Rising е да ги обединиш младите претприемачи. Дали веруваш дека Урбан ФМ создава исто такво движење – само преку звук?

„Мисијата на Phoenix Rising и на Урбан ФМ е многу послична отколку што изгледа на прв поглед. Ние во Унијата се бориме да ги промовираме младите претприемачи и да создадеме реални можности за нив. УРБАН ФМ го прави истото, но за македонската музика и за младите артисти.

И двете платформи имаат иста суштина: да создадеме простор каде македонски таленти (бизнисмени или уметници) ќе можат да се развијат, да се слушнат и да бидат поддржани“.

Замисли дека Урбан ФМ е стартап – каква би била твојата мисија како коосновачка на брендот што „зрачи македонски“?

„Да создадеме бренд што ја носи македонската автентичност, но ја комуницира на современ, храбар и урбан начин.  Мојата мисија би била Урбан ФМ да биде медиум што не само информира – туку инспирира, охрабрува, спојува и создава гордост. Да биде доказ дека кога работиме со страст, Македонија не само што се слуша, туку зрачи“.

svezhina-i-harizma-vo-eterot-pet-mladi-voditelki-mu-davaat-nov-duh-na-urban-fm-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Сара Мејс ќе одржи новогодишни концерти во 4 градови: „Сакаме да внесеме магија и уникатно искуство ... „Без Илина и Кирил не почнуваме во Филхармонија, ха, ха. Илина веќе го знае цел ...
Љубовната приказна на Снежана и Зоран Матовски - родителите на Цако, момчето со Даунов синдром кое п... Се запознале во клупче на Бит Пазар, се чекале кај Црвената болница, 42 години с...
Слаткар објави нов албум: „Сања не ми пишува текстови, со Калиопи ни оди многу лесно - тоа е некоја ... „На Моша мислам дека му е омилен дуетот со Калиопи, ама па му се свиѓа и ‘Е...
Браво за нашите млади таленти! Стефани од Гостивар, која црта со кафе, вино и низа техники, ќе ја им... „За портретите многу се важни контурите, сенките и целокупната изработка, а, пак...
Љубовната приказна на Јоце Панов и Марина: „Ја забележав на мој настап, ме освои со скромноста и нен... „Долги години сме заедно, малтене од деца. Марина ме познава многу добро и точно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg