Љубовната приказна на Стефани и Денис од „Дуо Дис“: „Дојде кај мене на работа и ме запроси додека имав час со ученик“

„Свадбата беше на плажата Потпеш во Охрид, а венчавката во црквата Св. Јован Канео. Татко ми, пак, имаше подготвено точка со бендот како изненадување за нас младенците и пред да отпее, рече: „Од оваа вечер, свадбите повеќе нема да бидат исти!“ Навистина беше посебна', вели Стефани од популарното „Дуо Дис“ за љубовта со сопругот Денис Мурат.

ljubovnata-prikazna-na-stefani-i-denis-od-duo-dis-dojde-kaj-mene-na-rabota-i-me-zaprosi-dodeka-imav-chas-so-uchenik-01.jpg

Стефани Стефановска Мурат (33) е наставник по пијано, а нејзиниот сопруг Денис Мурат (38), е раководител во приходи.

Но, јавноста сепак ги препознава по нивната втора „професија“, а голема љубов - музиката. Тие, освен што се брачен пар, настапуваат заедно ширум земјава како „Дуо Дис“, а Денис претходно беше еден од милениците на публиката кога се натпреваруваше во шоуто „Македонски идол“.

ljubovnata-prikazna-na-stefani-i-denis-od-duo-dis-dojde-kaj-mene-na-rabota-i-me-zaprosi-dodeka-imav-chas-so-uchenik-08_copy.jpg

Тие имале свирка и на денот кога Денис за побарал за сопруга, па Стефани вели, така и го прославиле запросувањето.

Заедно се една деценија и имаат два сина, Каин (6) и Теон (4).

ljubovnata-prikazna-na-stefani-i-denis-od-duo-dis-dojde-kaj-mene-na-rabota-i-me-zaprosi-dodeka-imav-chas-so-uchenik-10.jpg

За нивната љубовна приказна, Стефани раскажа за CRNOBELO.com:

Кој го направи првиот чекор - дали со Денис веќе го имавте формирано бендот или љубовта почна пред почетокот на заедничките настапи?

Нашата љубовна приказна се случи еден убав летен ден на плажа во Охрид. Се запознавме преку заедничко друштво. Немаше потреба за прв чекор од ниту една страна.

Сѐ одеше полека, заеднички се препознавме во нашите сензибилитети и уметничката душа која ја носиме во себе.

По неколку месеци од нашата врска, решивме дека можеме да бидеме дуо и на професионално поле иако никој од нас не претпоставуваше дека тоа дуо ќе се развива на многу повисоко ниво и ќе гради кариера.

ljubovnata-prikazna-na-stefani-i-denis-od-duo-dis-dojde-kaj-mene-na-rabota-i-me-zaprosi-dodeka-imav-chas-so-uchenik-04.jpg

Со што те освои тој? Дали уште веднаш знаеше дека Денис е вистинскиот или ти требаше време да се вљубиш?

Ме освои со неговата непосредност. Тие што го знаат приватно, знаат дека е природен, духовит, детинест и искрен.

Дополнително ме привлече цврстиот став и амбициозноста кога сака нешто да оствари, да освои или да исполни од тоа што го замислил.

Веројатно веднаш сум знаела дека тој е вистинскиот, интуицијата досега не ме излажала.

Сега сме веќе возрасни, родители на две дечиња Каин (6) и Теон (4) и гледајќи низ годините наназад, уште посигурна сум дека сум го направила вистинскиот избор за сопруг и татко.

ljubovnata-prikazna-na-stefani-i-denis-od-duo-dis-dojde-kaj-mene-na-rabota-i-me-zaprosi-dodeka-imav-chas-so-uchenik-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Наде Молеровиќ (68), инспиративна жена - Била директорка на училиште, сега е пензионер што граба со ...  „На 68 години, во пензија, никогаш не сум се чувствувала поживо. А најголе...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...
Александар и Надица се игроорци од Валандово: „Ја негуваме традицијата, по аманет од баба и мајка, и... „На играорна ме запиша мојата покојна баба, и тоа ми е најубавиот спомен од неа,...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...

Најчитани неделава