Таско за новиот албум: „Во секоја песна го има стариот Таско кој беше решителен, мотивиран, и исполнет со правење музика“
Колку музиката, компонирањето, концертите и настапите му помагаат да се фокусира на „новиот Таско“, па и да живееш помалку турбулентен живот од порано?
Па искрено не ми смета, работата е работа, семејството е мир, некако уживам во сите процеси, и убаво ми е.
Го правам тоа што го сакам, и не ми претставува притисок. Единствена мана е што не сум наспан.

Сега кога песните се тука, кои се твоите идни планови околу промоцијата на албумот? И какви се реакциите на публиката?
Генерално реакциите се позитивни, и гледам дека луѓето се многу среќни што се вратив на сцената со албум.
Во оваа прилика може да кажам дека овој албум е еден дел од мене, и веќе во подготовка вториот, кој ќе искочи на средина на март следната година.
Оваа година направив 13 проекти, соработки и мои песни, и мислам дека е доволно за една година, а за следната спремам покомерцијален албум, со друг звук и теми.
Сè на сè уживам во процесот на креирање, и се водам според вајбот во којшто сум моментално.

Погледнете дел од спотовите за новите песни на Таско:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело