Македонка разубавува влезови во Штип со новогодишни цртежи: „Ми требаат 5 до 10 часа за еден влез“
Подоцна на социјалните мрежи, јас ја пронајдов жената за да ѝ го вратам термосот, а таа ми напиша дека повторно би ми направила чај или кафе, а термосот да ми остане за спомен.
Тој неочекуван гест за мене има посебно значење, потсетник дека вниманието и добрината сè уште постојат меѓу луѓето.
Додека престојувам во Штип, решив и јас да направам мал гест, па ќе изработам цртеж за жената што ми го подари термосот, за и таа да има спомен од мене.

Штипјани навистина ме изненадија со својата топлина и добрина.
За да ја продолжам таа убавина на размена, во последната зграда што ќе ја украсувам ќе подарам по некое „блачко“ (чоколадо) како мое „благодарам“ за сите насмевки, зборови и поддршка што ги добив во текот на оваа работа.

До сега не сум имала ниту еден негативен коментар, сите реакции биле позитивни. Луѓето запираат, прашуваат, разговараат, а најискрените моменти доаѓаат од децата.
Едно дете, на пример, го следеше целиот процес на сликање и беше толку воодушевено што на крај му ги подарив моите скици како мал подарок за неговата љубопитност и радост.
Додека гледам насмевки и задоволство во нивните очи, се гордеам со крајниот резултат“.
Погледнете повеќе фотографии:





©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело