Љубовната приказна на Таско и Наташа: „Се запознавме на Фејсбук, ѝ пишав дека ми се допаѓаат тетоважите“
- Детали
- понеделник, 05 јануари 2026
„Наташа ме тераше да не пеам, као 'Твоја свадба е, ти не треба да пееш'. И ѝ викав дека нема, ама на крај беше појако од мене. Ја пуштија „Неваљала“, Лина беше тука и ја испеавме песната. Потоа излезе Панчо, пееше песна од ДНК, па Пајак испеа песна - тоа би го одвоил како најинтересен дел од свадбата“, раскажа Таско за CRNOBELO.com.

Нашиот музичар Христијан Тасковски Таско и неговата сопруга Наташа се заедно од 2019-та година.
Зад нив се 6 години неизмерна среќа, но и болка и проблеми, кои полека ги надминуваат.
Поради поттикот и љубовта од сопругата, Таско вели дека денес е поинаков човек отколку пред една година, а удел во тоа имаат и нивните две деца, синот Лукијан и ќерката Кирјана.

За нивната љубовна приказна, Таско раскажа во интервјуто за CRNOBELO.com:
Како почна љубовната приказна со Наташа?
Љубовната приказна почна многу одамна, преку Фејсбук, класична приказна.
Ѝ пишав за тетоважите дека ѝ се многу јаки и дека е многу храбра што има толку многу тетоважи.
После одреден временски период се видовме во живо и од прв момент кога почнавме да се гледаме, тргна сè како што треба.
Заедно сме 6 години, од 2019-та, со тоа што првата пола година додека се гледавме не беше многу сериозно, но од 202-та сме веќе во сериозни води.

Со што те освои, освен со тетоважите?
Со карактерот, со тоа каква е како личност.
Таа е, едноставно, многу слободоумна како човек, и е многу лабава за сите работи, така што тоа најмногу ме освои.

А дали на тебе ти требаше време да ја заведеш, или и таа „падна“ на прва?
Ми требаше време да ја освојам. Пред да почнеме да се гледаме и да излегуваме, имавме комуникација на Фејсбук, па лајкови, ситници, глупости, па дури подоцна се запознавме во живо.
Е, откога се запознавме во живо, излеговме неколкупати, за да станеме дечко и девојка, па и да се венчаме и да добиеме две деца.

Знаеше ли веднаш по запознавањето дека Наташа е жената за тебе?
Да, знаев уште од сам почеток, знаев. Некако кликнавме на прва и кога останaвме до 5 саат сабајле заедно, знаев дека тоа е тоа.
Како изгледаше твојата прва средба со нејзиното семејство и нејзината прва средба со твоите?
Мислам дека нејзините ги запознав на нејзиниот 30-ти роденден, тогаш ги запознав сите и океј, кул беа.
Кај мене, мајка ми имаше реакција, ако се сеќавам ѝ рече као „Многу ти се убави тетоважите ама малце како да си претерала“, ха, ха. Ама, после со тек на време и таа се навикна.
Генерално, мислам имаа позитивни реакции.

Како ја запроси? Дали ѝ подготви некое изненадување?
Не ја запросив, ха, ха, не ја запросив. Нас ни беше во план да имаме дете, да остане бремеа, ама некако тоа се одложуваше, ќе биде, нема да биде.
Кога остана трудна првиот пат, бевме како „Супер, ќе имаме дете, сега дај да се земеме“.
Немаше она класично запросување, да клекнам или да романтизирам нешто.
Остана само да избереме датум и го избравме датумот на годишнината да ни биде ден за да се венчаме, за да ни тера истиот ден и понатаму кога ќе сме во брак.
Ама се деси тоа што се деси со таа прва бременост, ама ни остана датумот, се венчавме на тој ден, продолживме да живееме. И еве сега тераме.

